Современ хебрејски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Современ хебрејски јазик
Израелски хебрејски јазик
עברית חדשה, ʿivrít ḥadašá[h]
Shalom black.svg
Зборот „шалом“, напишан на современ правопис со самогласни знаци.
Застапен во Израел
Говорници 6 милиони  (2014)[1][2]
Јазично семејство
Претходни облици:
библиски
Писмо хебрејска азбука
хебрејско браилово писмо
Статус
Службен во  Израел
Регулативен орган Академија на хебрејскиот јазик
хебрејски: האקדמיה ללשון העברית (HaAkademia LaLashon HaʿIvrit)
Јазични кодови
ISO 639-3 heb
{{{mapalt}}}

Современ хебрејски, стандарден хебрејски, израелски хебрејски (хебрејски: עברית חדשה, ʿivrít ḥadašá[h]) – "современ хебрејски" или "нов хебрејски") или само хебрејски — стандардната, современа и литературна форма на хебрејскиот јазик кој се зборува денес во Израел и еврејската дијаспора. Хебрејскиот е канански јазик, дел од подгрупата на северозападни семитски јазици од семејството на семитски јазици. Тој е единствен жив канански јазик. Јазикот е мајчин јазик на Евреите и официјален јазик во Израел. Денес го зборуваат околу 10 милиони луѓе.[3][4]

Историски развој[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на хебрејскиот јазик.

Историјата на хебрејскиот јазик може да биде поделена на 4 периоди:[5]

Оживување[уреди | уреди извор]

Хебрејскиот бил оживеан како книжевен јазик неколку пати во својата историја, а најзначајно е оживувањето како книжевен јазик за време на преродбата позната како хаскалах во средината на 19 век во Германија. Кон крајот на векот еврејскиот активист Елиезер Бен Јехуда, предводен од идеологијата на национална преродба (שיבת ציון, шиват цијон), денес позната како ционизам, започнал со оживување на хебрејскиот како современ говорен јазик. Како резултат на локалното движење кое тој го создал, но повеќе како последица на новите групи имигранти познати под името „Втор Алијах“, хебрејскиот ги заменил јазиците кои претходно ги зборувале тие луѓе. Тие јазици биле всушност еврејски дијалекти на јазиците на државата каде живееле, од кои денес познати се ладино, јидиш, јудео-арапски и бухориски.

Главниот резултат на книжевната работа на хебрејските интелектуалци во 19 век била лексичката модернизација на хебрејскиот. Нови зборови и изрази биле присвоени како неологизми од различниот корпус на хебрејски писанија, или преку позајмување од арапскиот (воглавно од страна на Елиезер Бен Јехуда), како и постари арамејски и латински зборови. Забележливо е и влијанието на европските јазици, особено од англискиот, рускиот, германскиот и францускиот. Современиот хебрејски станал официјален јазик на британскиот мандат Палестина во 1921 година, покрај арапскиот и англискиот. По прогласувањето на независноста на Израел, новокодифицираниот хебрејски бил прогласен за официјален јазик на државата. Денес, хебрејскиот го зборуваат 10 милиони луѓе и е главно средство за комуникација во државата.

Писмо[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хебрејско писмо.

Хебрејскиот јазик се пишува со хебрејската азбука. Јазикот се пишува од десно кон лево. Хебрејската азбука всушност е согласно писмо (абџад) и има 22 букви. Древното палео-хебрејско писмо било слична со тоа за хананскиот и за феникискиот јазик. Современото писмо е базирано на букви кои налукуваат на коцки, познати како „ашурит“ (асирски), и потекнуваат од арамејското писмо. За рачно пишување се користи ракописно хебрејско писмо, каде буквите се покружни и поразлични одошто печатените форми. Ракописното писмо се базира на едно постаро ракописно писмо кое се нарекува рашиево писмо. Бидејќи писмото е согласно, само се користат согласките при пишување, самогласките не се пишуваат и треба да се знаат на памет каде се при изговорот. Сепак, ако треба и тие да се запишат, тие се означени со систем на точки кои се ставаат на согласката со која прават слог, или пак преку употреба на букви кои основно означуваат согласка, а второстепено самогласка, кое пак е познато како „мајка на читањето“ или matres lectionis. Покрај надредните знаци за самогласките, во јазикот се користат надредни знаци за да се означи како точно се изговара самогласката, односно дали е 'с' или 'ш', 'б' или 'в' итн.

име алеф бет гимел далет хе вав зајин хет тет јод каф ламед мем нун самех ајин пе цаде коф реш шин тав
печатно א ב ג ד ה ו ז ח ט י כ ל מ נ ס ע פ צ ק ר ש ת
ракописно Hebrew letter Alef handwriting.svg Hebrew letter Bet handwriting.svg Hebrew letter Gimel handwriting.svg Hebrew letter Daled handwriting.svg Hebrew letter He handwriting.svg Hebrew letter Vav handwriting.svg Hebrew letter Zayin handwriting.svg Hebrew letter Het handwriting.svg Hebrew letter Tet handwriting.svg Hebrew letter Yud handwriting.svg Hebrew letter Kaf handwriting.svg Hebrew letter Lamed handwriting.svg Hebrew letter Mem handwriting.svg Hebrew letter Nun handwriting.svg Hebrew letter Samekh handwriting.svg Hebrew letter Ayin handwriting.svg Hebrew letter Pe handwriting.svg Hebrew letter Tsadik handwriting.svg Hebrew letter Kuf handwriting.svg Hebrew letter Resh handwriting.svg Hebrew letter Shin handwriting.svg Hebrew letter Taf handwriting.svg
изговор [ʔ], ∅ [b], [v] [g] [d] [h] [v] [z] [x]~[χ] [t] [j] [k], [x]~[χ] [l] [m] [n] [s] [ʔ], ∅ [p], [f] [t͡s] [k] [ɣ]~[ʁ] [ʃ], [s] [t]
транслитерација ' b, v g d h v z ch t y k, ch l m n s ' p, f tz k r sh, s t

Фонологија[уреди | уреди извор]

Современиот хебрејски јазик е фонетички поедноставен од библискиот хебрејски јазик бидејќи има помалку фонеми. Сепак јазикот е фонолошки посложен, односно има од 25 до 27 согласки (во зависност од тоа дали се изговараат грлените гласови) и од 8 до 10 самогласки (во зависност од тоа дали се сметаат дифтонзите).

Согласки

Следната табела дава преглед на хебрејските согласки:[2]

уснени венечни преднонепчено-венечни преднонепчени заднонепчени ресични гласилни
Препречни избувни p b t d k ɡ ʔ2
слеани t͡s   (t͡ʃ)4 (d͡ʒ)4
струјни f v s z ʃ (ʒ)4 x~χ1 ɣ~ʁ3 h2
носни m n
приближни l j (w)4
1 Во современиот хебрејски /ħ/ за буквата ח е заменета со /x~χ/, која пак традиционално била за буквата כ.[6]
2 Грлените согласки воглавно не се изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски /ʕ/ за ע била заменета со /ʔ/ која пак традиционално била за буквата א.[6]
3 Често се препишува како /r/. Оваа често се изговара ако меконепчана струјна [ɣ], понекогаш како ресна струјна или апроксимантна [ʁ], а понекогаш како ресна или алвеоларна вевна согласка, сè во зависност од човекот и неговото потекло.[6]
4 Фонемите /w, tʃ, dʒ, ʒ/ не се матични за хебрејскиот, и тие се позајмени од странски зборови и јазици.

Препречните согласки се асимилираат во озвучување, односно безвучните (/p t ts tʃ k, f s ʃ x/) стануваат звучни ([b d dz dʒ ɡ, v z ʒ ɣ]) кога се појавуваат веднаш пред звучна препречна согласка и обратно.

Самогласки

Во хебрејскиот има девет самогласки, од кои пет се кратки и четири долги:[2]

предни средни задни
високи i u
средни e̞ː o̞ː
ниски ä äː

Долгите самогласки се појавуваат непредвидено каде имало две самогласки разделени со грлена или гласилна самогласка. Секоја од петте самогласки може да се реализира со темен глас [ə] кога не е акцентирано. Во јазикот има и два дифтонга /aj/ (ај) и /ej/ (еј).[2]

Кај повеќето од зборовите во хебрејскиот акцентот паѓа на еден од двата последни слога во зборот, а најечест е акцентот на последниот слог.

Морфологија[уреди | уреди извор]

Како и сите семитски јазици, така и хебрејскиот има коренски форми кои се типишно трилитерални, или составен од 3 согласки (но постојат и корени од по 4 согласки). Од овие корени се создаваат именки, придавки и глаголи. Преку внетнување самогласки, удвојување на согласките и со додавање на афикси се создаваат новите зборови.

Хебрејскиот јазик користи бројни претставки од по една буква кои се користат за различни цели. Тие се нарекуваат „неразделни препозоции“ или „корисни букви“ (אותיות השימוש, Otiyot HaShimush). Такви се на пример членот ha- (/ha/) (определен член); be- (/bə/) (="во"), le- (/lə/) (="до"), mi- (/mi/) (="од"; кратка форма на min); ve- (/və/) (="и"), she- (/ʃe/) (="дека"), ke- (/kə/) (="како"), итн.

Синтакса[уреди | уреди извор]

Секој хебрејски збор мора да содржи најмалку еден подмет, еден прирок, а другите елементи се незадолжителни. Зборовниот ред на современиот хебрејски е случен со македонскиот и ангискиот на пример,односно подмет-прирок-предмет, за разлика од библискиот хебрејски кој имал зборовен редослед прирок-подмет-предмет.[7] Современиот хебрејски е окарактеризиран по асиметријата помеѓу определениот предмет и неопределениот предмет. Во јазикот има акузативен бележник „ет“, само пред определен предмет (повеќето се определени именки и лични имиња). „Ет“ и „ха“ во скоро време се во процес на спојување и има тежнеење да станат „та“,[8].

Изговор[уреди | уреди извор]

Изговорот на современиот хебрејски јазик е воглавно базиран на сефардскиот хебрејски јазик. Во одредени аспекти има и фонолошки црти од ашкенашкиот хебрејски јазик, особено во:

  • елиминација на голтничката артикулација кај буквите хет (ח) и ајин (ע)
  • замена на (ר) /r/ од [ɾ] кон [ʁ] или [ʀ] (влијание од јидиш/ германски)
  • изговорот кај голем број говорници на цере ֵ како [eɪ] во одредени контексти
  • делимна елиминација на шва ְ (зман наместо сефардското земан)[9]
  • отстапување при акцентирање на имиња и мал број зборови[10]

Зборовен фонд[уреди | уреди извор]

Позајмени зборови[уреди | уреди извор]

Современиот хебрејски јазик има голем број позајмени зборови од различни јазици, како што е случај и со повеќето јазици во светот. Голем дел од позајмените зборови се од арапскиот, арамејскиот, јидиш, ладино, германскиот, рускиот, англискиот, полскиот и други помали јазици. Современиот хебрејски зачувал голем број древни хебрејски зборови, кои пак во тогашно време биле позајмени од околните древни јазици (акадски, арамејски). Некои типични позајмени зборови во хебрејскиот се:

позајмен збор изведенки потекло
хебрејски МФА значење хебрејски МФА значење јазик правопис значење
ביי /baj/ довидување   англиски bye довидување
אגזוז /eɡˈzoz/ издувен систем   exhaust
system
издувен систем
דיג׳יי /ˈdidʒej/ Диџеј לדג׳ה /ledaˈdʒe/ диџеј to DJ Диџеј
ואללה /ˈwala/ навистина!?   арапски والله навистина?!
כיף /kef/ забава לכייף /lekaˈjef/ да се забавуваш[w 1] كيف задоволство
חפיף /χaˈfif/ лесно (со леснотија) להתחפף /lehitχaˈfef/ да излезеш[w 2] خَفِيف лесно
אבא /ˈaba/ тато   арамејски אבא таткото/мојот татко
חלטורה /χalˈtura/ лоша работа לחלטר /leχalˈteɣ/ да осветлиш руски халтура лоша работа[w 3]
בלגן /balaˈɡan/ неред לבלגן /levalˈɡen/ да направиш неред балаган хаос[w 3]
תכל׳ס /ˈtaχles/ директно   јидиш תּכלית цел
חרופ /χʁop/ длабоко спиење לחרופ /laχˈʁop/ да спиеш длабоко כראָפּ хрчи
שפכטל /ˈʃpaχtel/ шпатула   германски Spachtel шпатула
גומי /ˈɡumi/ гума גומיה /ɡumiˈja/ гума Gummi гума
גזוז /ɡaˈzoz/ газиран
пијалак
  турски
од
француски
gazoz[w 4]
од
eau gazeuse
газиран
пијалак
פוסטמה /pusˈtema/ глупа жена   ладино   воспалена рана[w 5]
אדריכל /adʁiˈχal/ архитект אדריכלות /adʁiχaˈlut/ архитектура акадски arad-ekalli слуга во храм[w 6]
Белешки
  1. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Arabic“. Safa-ivrit.org. http://www.safa-ivrit.org/imported/arabic.php. посет. 26 август 2014 г. 
  2. „morfix dictionary“. Morfix.mako.co.il. архивирано од изворникот на 7 јануари 2013 г.. https://archive.is/20130107225344/http://morfix.mako.co.il/default.aspx?q=%D7%94%D7%AA%D7%97%D7%A4%D7%A3&source=milon. посет. 26 август 2014 г. 
  3. 3,0 3,1 bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Russian“. Safa-ivrit.org. http://www.safa-ivrit.org/imported/russian.php. посет. 26 август 2014 г. 
  4. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Turkish“. Safa-ivrit.org. http://www.safa-ivrit.org/imported/turkish.php. посет. 26 август 2014 г. 
  5. bitFormation. „Loanwords in Hebrew from Ladino“. Safa-ivrit.org. http://www.safa-ivrit.org/imported/ladino.php. посет. 26 август 2014 г. 
  6. אתר השפה העברית. „Loanwords in Hebrew from Akkadian“. Safa-ivrit.org. http://www.safa-ivrit.org/imported/akkadian.php. посет. 26 август 2014 г. 


Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hebrew“. University of California. http://www.lmp.ucla.edu/profile.aspx?langid=59&menu=004. посет. 1 мај 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Dekel 2014
  3. Klein, Zeev. „A million and a half Israelis struggle with Hebrew“, 18 март 2013 (посет. 2 ноември 2013 г).
  4. „Kometz Aleph – Au• How many Hebrew speakers are there in the world?“. http://www.bhol.co.il/article_en.aspx?id=52405. посет. 2 ноември 2013 г. 
  5. Hebrew language Encyclopædia Britannica
  6. 6,0 6,1 6,2 Dekel 2014.
  7. „Basic Word Order in the Biblical Hebrew Verbal Clause, Part 6 | Ancient Hebrew Grammar“. Ancienthebrewgrammar.wordpress.com. http://ancienthebrewgrammar.wordpress.com/2011/05/23/basic-word-order-in-the-biblical-hebrew-verbal-clause-part-6/. посет. 25 април 2013 г. 
  8. Consider ten li et ha-séfer "give:2ndPerson.Masculine.Singular.Imperative to-me ACCUSATIVE the-book" (i.e. "Give me the book!"), where et, albeit syntactically a case-marker, is a preposition and ha is a definite article. This sentence is realised phonetically as ten li ta-séfer
  9. Rosen, Rosén (1966). A Textbook of Israeli Hebrew. Chicago & London: The University of Chicago Press. стр. 0.161. ISBN 0-226-72603-7. 
  10. Shisha Halevy, Ariel (1989). The Proper Name: Structural Prolegomena to its Syntax – a Case Study in Coptic. Vienna: VWGÖ. стр. 33. http://ling.huji.ac.il/Staff/Ariel_Shisha-Halevy/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]