Средновековен хебрејски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средновековен хебрејски јазик
Застапен во Шпанија
Јазично семејство
Семитски јазици
Писмо Средновековна хебрејска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Средновековниот хебрејски јазик е семитски јазик и една од формите на современиот хебрејски јазик. Во Златните години на еврејската култура во Шпанија, овој јазик имал големо значење во неговата упортеба низ верските објекти.

Историја[уреди | уреди извор]

По Талмудот, различни регионални книжевни варијанти се појавиле на средновековниот хебрејски. Најважен од нив е тиберискиот хебрејски јазик, или нарекуван и како масоретски хебрејски, книжевна форма која се развила на локалниот тибериски дијалект. Овој дијалект станал стандард за вокализирање на Еврејската Библија и така сè уште влијае врз другите регионални дијалекти на хебрејскиот. Овој тибериски дијалект од 7 до 10 век е понекогаш нарекуван „библиски хебрејски“, но сепак не е исто и треба да се разликува од историскиот древен јазик од 6 в.п.н.е. Тиберискиот хебрејски го вклучува и изучувањето на Масоретите, вклучително и нивните надредни знаци (никуд) и кантилацијата (граматички точки) на хебрејските букви за да се зачува многу порани карактеристики на хебрејскиот во однос на пеењето на Библијата. Масоретите сметале дека буквите од хебрејската азбука се многу свети и дека нивна модификација не е можна, па поради тоа тие создале систем на точки кои се користеле за означување на самогласките во дадените зборови. Паралелно во тоа време и сириското писмо развило систем на точки за означување на самогласките. Кодексот од Алепо е напишан на овој нов принцип и датира од 10 век. Тој е еден од најважните хебрејски ракописи денес.

За време на златното доба на еврејската култура во Шпанија, значајни дела биле напишани од граматичари кои ја објасниле граматиката, но и зборовите, на библискито хебрејски. Значајни хебрејски граматичари биле Џуда бен Давид Хајуи, Џуда ибн Џанах, Абрахам ибн Езра[1] и Давид Кимхи. Покрај нив, се појавиле и значајни поети како што се на пример Дунаш бен Лабрат, Соломон ибн Габирол, Џуда хе-Леви, Мосес ибн Езра и Абрахам ибн Езра.

Хебрејскиот бил зачуван низ вековите како пишан јазик за пишана комуникација на еврејската заедница во светот. Оваа пишана комуникација не се однесува само на литургијата, туку и за поезија, проза, трговија, секодневен контакт и договори. Така, Еверите од целиот свет и од различни земји имале заеднички јазик за комуникација и општење. Ова било слично со Христијаните од тој период, односно заеднички јазик на образованите Христијани и свештеници бил латинскиот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Abraham ibn Ezra, Hebrew Grammar, Venice 1546 (Hebrew)

Поврзано[уреди | уреди извор]