Јужносемитски јазици
Јужносемитски | |
---|---|
Географска распространетост: | Јемен, Оман, Етиопија, Еритреја |
Класификација: | афроазиски
|
Гранки: |
источни (современи јужноарапски)
западни (стар јужноарапски, етиопски)
|
Јужносемитските јазици се гранка на семитското јазично семејство во поголемата група на афроазиски јазици застапени во северна и источна и западна Африка.
Јазивите се делат на две неспорни гранки: јужноарапски (на јужното крајбрежје на Арапскиот Полуостров) и етиосемитски (етиопски), застапени на Африканскиот рог, претежно во денешна Етиопија и Еритреја. Денес најголем број на говорници имаат јазиците етиосемитската гранка. Главни јазици на Еритреја се тигриња и тигре (северноетиопски), додека пак во Етиопија преовладува амхарскиот (јужноетиопски) и тигриња на северот. Јужноарапските јазици веќе илјада години се истиснати од позастапениот арапски јазик (исто така семитски). Според Ethnologue,[1] денес постојат вкупно 6 јужноарапски и 14 етиопски јазици.
За прататковина на јужносемитските јазици се смета јужниот дел на Арапскиот Полуостров. Се верува дека пред неколку илјади години дошло до преселба на јужноарапско население од Јемен на територијата на денешнна Етиопија и Еритреја.
Класификација
[уреди | уреди извор]- Западни
- стар јужноарапски јазик – изумрен источени јужносемитски јазик
- етиосемитски јазици
- Источни: современи јужноарапски јазици; се говорат од мал број на луѓе во Јемен (Махра и Сокотра) и Оман (Дофар).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Прелистување по јазични семејства - Ethnologue (англиски)
- Јужносемитски јазици - Ethnologue (англиски)
|
|