Гафатски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Gafat
Застапен воЕтиопија
Изумрен(н.п.)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3gft

Гафатски јазикизумрен јазик кој ѝ припаѓал на јужна гранка на етиосемитските јазици, некогаш застапен во поречието на Синиот Нил (Абај) во Етиопија, а потоа и јужно од Гоџам во источниот дел на земјата.[1][2] Бил сроден со харарските и гурашките говори.[3] Постојат многу малку наоди за јазикот. Меѓу позначајните е преводот на Песната над песните направен во XVII или XVIII век кој денес се чува во Бодлиевата библиотека, Оксфорд.

На почетокот од 1840-тите Чарлс Бик составил список од зборови, иако забележал дека „помладите воопшто не го знаат јазикот, а постарите кои велат дека го зборуваат, впрочем воопшто не го владеат“ [4] Волф Леслау ја посетил областа во 1947 г. и по многу труд успеал да најде вкупно четири лица кои сè уште го зборувале јазикот. Во 1960-тите Едвард Улендорф напишал дека јазикот веќе може да се смета за сосема изумрен.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]