Прејди на содржината

Екваторија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположба на Екваторија.
Градови во регионот.

Екваторија (арапски: الاستوائية) е регион во Јужен Судан. Првично, Екваторија била покраина на Египет, која се наоѓа на јужниот дел од Јужен Судан. Порано, во овој регион биле сметани и Уганда со езерото Алберт.

Екваторија била основана од Самјуел Бејкер во 1870 година. Во 1874 година Чарлс Џорџ Гордон бил назначен за гувернер, кој пак бил проследен од Емин-паша во 1878 година. Во 1880-те, Мухамед Ахмад го укинал статусот на покраина и водел џихадска војна. Овој режим бил отфрлен со помош на британските сили.

Позначајни населени места во Екваторија се Ладо, Гондокоро, Дуфиле и Ваделај. Последните две населби се денес во Уганда. За време на британскиот протекторат Судан, Екваторија била една од осумте покраини. Бахр ел Газал се отцепил од Екваторија во 1948 година. Во 1976 година, Екваторија била поделена на Источна Екваторија и Западна Екваторија. Денес, Источна, Западна и Централна Екваторија се сојузни држави на Јужен Судан, кој од 9 јули 2011 е независна држава.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • R. Gray, A History of the Southern Sudan, 1839-1889 (London, 1961)
  • Iain R. Smith : The Emin Pasha Relief Expedition 1886-1890, Oxford University Press, 1972