Рувензори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рувензори
Највисока точка
ВрвСтенли
Надм. височина5.109 м
Величина
Должина120 км
Географија
Рувензори is located in Уганда
Рувензори
Земји Уганда,  Демократска Република Конго
Координати00°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД / 0.38583; 29.87167Координати: 00°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД / 0.38583; 29.87167

Рувензори (Ruwenzori) или Рвензори (Rwenzori, „месечева планина“) — планински венец во источниот дел на екваторска Африка, на границата меѓу Уганда и ДР Конго. Ледниците на венецот се меѓу изворите реката Нил. Венецот достигнува височина од 5.109 м со траен снег на врвовите. На подрачјето се протегаат националните паркови Рувензори и Вирунга.

Геологија[уреди | уреди извор]

Врвот Маргарита на планината Стенли — највисока точка на венецот.

Планините настанале пред три милиони години во доцниот плиоцен, како издигнат блок од кристални карпи од гнајс, амфиболит, гранит и кварцит.[1]

Издигот го поделил праезерото Обверука, образувајќи три од денешните големи езера: Алберт, Едвард[1] и Џорџ.[2]

Венецот е долг околу 120, а широк 65 км. Се состои од шест масиви одвоени со длабоки клисури: Стенли (5.109 м), Спик (4.890 м), Бејкер (4.843 м), Емин (4.798 м), Геси (4.715 м) и Лујџи Савојски (4.627 м).[3] Стенли има неколку врва, од кои највисок е Маргарита.

Прво освојување[уреди | уреди извор]

Куќа и луѓе во Касе, Уганда

Првата обиколка на сите шест масици на Рувензори е направена во 1975 г. од полските искачувачи Јануш Халецки, Станислав Холева Лешек Чарнецки, како Мирослав Кураш во втората половина од зафатот.[4]

Природознание[уреди | уреди извор]

Растителност[уреди | уреди извор]

Растителност на Рувензори на висина од 3.400 м. Напред се џиновските лобелии.

Рувензори има разновидна растителност, од тропска дождовна шума до планински ливади и снегови. На венецот виреат домородни видови и разновидности како џиновскиот крстенец (Dendrosenecio) и џиновската лобелија (Lobelia deckenii), па дури и 6-метарскиот врес прекриен со мов, присутен на некои врвови. Најголемиот дел од ова растително подрачје денес е прогласено за светско наследство на УНЕСКО и е опфатено во националните паркови Рувензори во југозападна Уганда и Вирунга во источниот дел на ДР Конго.[3]

Планините немаат кусок на вода, но сепак виреат видови слични на оние присутни во пустинските краишта, но ова се должи на слабата проодност на водата низ растителните садови поради замрзнувањето во ноќните часови и изолацијата која им е потребна при промената на условите дење.

Рувензори има пет растителни појаса со преклопи: зимзелена шума (до 2.800 м); бамбусов појас (2.800 до 3.300 м); вресов појас (3.000 до 3.800 м); аплски појас (3.500 до 4.500 м) и снежен појас (4.400 до 5.000 м). На поголеми височини, некои растенија достигнуваат необична големина. The vegetation in the Рувензори is unique to equatorial alpine Africa.[5]

Ледничко повлекување[уреди | уреди извор]

Еден од проблемите на Рувензори е последицата на климатски промени врз ледниците. Во 1906 г. по име се забележани 43 ледници распоредени на шест планини, зафаќајќи вкупна површина од 7,5 км2 или половина од ледничката зафатнина на цела Африка. Во 2005 г. тие се свеле на 1,5 км2, и тоа на само три планини. Овие значајни промени предизвикуваат неповилни последици по растителноста и биоразновидноста на венецот.[6][7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Climate Change and the Aquatic Ecosystems of the Rwenzori Mountains". Makerere University and University College London. 15 September 2007. конс. 2 February 2014. 
  2. Wayland, E. J. (July–December 1934 г). Rifts, Rivers, Rains and Early Man in Uganda. „Journal of the Royal Anthropological Institute“ (Royal Anthropological Institute of Great Britain and Ireland) том  64: 333–352. doi:10.2307/2843813. 
  3. 3,0 3,1 "Rwenzori Mountains National Park". Rwenzori Abruzzi. 27 May 2006. Архивирано од изворникот на 2008-03-05. конс. 6 May 2008. 
  4. Wielka Grań Ruwenzori 1975, Wojtera T., Taternik iss 3. 1976.
  5. Linder, H. Peter; Gehrke, Berit (2 March 2006). "Common plants of the Rwenzori, particularly the upper zones" (PDF). Institute for Systematic Botany, University of Zurich. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 May 2008. конс. 6 June 2017. 
  6. Tom Knudson, [In the Mountains of the Moon, A Trek to Africa’s Last Glaciers], Yale Environment 360 Report, 4 Feb 2010
  7. [Rwenzori Glaciers (East Africa)], Tropical Glaciology Group, Innsbruck University

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]