Стенли (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стенли
Mount Stanley
MtStanley 2.JPG
Планината Стенли и нејзините врвови
Највисока точка
Надм. вис.5.109 м
Истакнатост3.951 м
Координати0°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД / 0.38583; 29.87167Координати: 0°23′09″N 29°52′18″E / 0.38583° СГШ; 29.87167° ИГД / 0.38583; 29.87167
Географија
Место Демократска Република Конго Уганда
Матичен венецРувензори
Искачување
Прво освојување1906 г. од Војводата од Абруци со дружината
Најлесен патискачување по карпи/снег

Стенли (англиски: Mount Stanley) — највисока планина во масивот Рувензори, на границата меѓу ДР Конго и Уганда. Со 5.109 м е трета планина по висина во Африка, веднаш по Килиманџаро (5.895 м) и Кенија (5.199 м). Наречена е во чест на истражувачот Хенри Мортон Стенли. Планината е дел од Националниот парк Рувензори, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1] Неколку од врвовите имаат ледници.

Планината има повеќе врвови:

Врв Висина
Маргарита 5.109
Александра 5.091
Алберт 5.087
Савоја 4.977
Елена 4.968
Елизабета 4.929
Филип 4.920
Мебиус 4.916
Голем Заб 4.603

Прво искачување[уреди | уреди извор]

Планината првпат е освоена во 1906 г. од дружината на Војводата од Абруци во состав на Ж. Петига, К. Олје, и Ж. Брошерел. Највисокиот врв е наречен по италијанската кралица Маргарита.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Центар за светското наследство на УНЕСКО (англиски)
  2. Peter Bridges, ‘A Prince of Climbers’, Virginia Quarterly Review, 76-1 (Winter 2000), 38–51.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]