Вирунга
| Вирунга | |
|---|---|
Врвот на Микено | |
| Највисока точка | |
| Врв | Карисимби |
| Надм. височина | 4.507 м |
| Величина | |
| Должина | 80 км [1] |
| Географија | |
| Земји | |


Вирунга (или Муфумбиро[1]) — венец вулкански планини во Источна Африка долж северната граница на Руанда, ДР Конго и Уганда. Венецот е огранок на планините на Албертскиот Срт, кои се граничат со западниот ракав на Источноафриканскиот Расед. Сместени се меѓу езерата Едвардово и Киву. Името е видоизменета англизирана верзија на руандскиот збор ibirunga, што значи „вулкани“.
Веригата се состои од осум поголеми вулкани, од кои највеќето се заспани, Исклучок се Њирагонго (3.462 м) и Њамурагира (3.063 м), обете во ДР Конго, со нивните избуви во 2006 и 2010 г. Највисок вулкан е Карисимби со 4.507 м, а најстар е Сабјињо, кој се издига на 3.634 м надморска височина.
Планините се дом на планинската горила, која се води како критично загрозена на Црвениот список на МСЗП поради губиток на живеалиштето, криволовство, болести и војување[2]. Меѓу планините Карисимби и Бисоке е сместен Истражувачкиот центар „Карисоке“, основан од американскиот зоолог Дајан Фоси за изучување на овие животни.
Планини во венецот
[уреди | уреди извор]| Планина | Земја | Висина (м) |
|---|---|---|
| Карисимби | 4.507 | |
| Микено | 4.437 | |
| Мухабура | 4.127 | |
| Бисоке | 3.711 | |
| Сабјињо | 3.674 | |
| Гахинга | 3.474 | |
| Њирагонго | 3.470 | |
| Њамурагира | 3.058 | |
Национални паркови
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Вирунга — Енциклопедија Британика (англиски)
- ↑ Butynski et al. 2003
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Вирунга“ на Ризницата ? |
- Национален парк Вирунга Архивирано на 3 октомври 2008 г. (англиски)
- Вулканите на Вирунга Архивирано на 20 август 2016 г. — туристички портал (англиски)
- Вирунга[мртва врска] — Peakware (англиски)