Мухабура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мухабура
GahingaMuhabura.png
Гахинга (лево) и Мухабура (десно)
Највисока точка
Надм. вис.4127 м [1]
Истакнатост1530 м [2]
Заведена какоUltra
Координати01°23′00″S 29°40′00″E / 1.38333° ЈГШ; 29.66667° ИГД / -1.38333; 29.66667Координати: 01°23′00″S 29°40′00″E / 1.38333° ЈГШ; 29.66667° ИГД / -1.38333; 29.66667[1]
Име
Превод'Водичот' (Кињаруанда)
Географија
Матичен венецВирунга
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувнепознато[1]

Мухабураисчезнат вулкан кој се наоѓа во Националниот парк Руанда и Националниот парк Магахинга Горила, на границата меѓу Руанда и Уганда. Бисоке е составен дел на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Со висина од 4.127 метри (13.540 стапки) Мухабура е трета највисока од осумте главни планини на планинскиот венец. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Бисоке, Микено, Карисимби, Њирагонго и Њамурагира.

Мухабура е последица на геолошка активност во историското време на Големата Раседна Долина. Основата на вулканот е повеќе од 6 километри во дијаметар. Кратерот на врвот се полни со вода и формира мало езеро со дијаметар од 40 метри. Западната падина на вулканот формира седло со соседниот вулкан Гахинга. Составот на вулканскиот материјал се состои од базанит. Неодамна кратерот бил активен на падините на вулканот. Последната значајна вулканска активност на Мухабура е непозната. На подножјето на вулканот течат мали реки, чии води се важни за населението на подножјето. И покрај фактот дека вулканот е еден од најмладите вулкани во областа, се смета за изумрен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Mount Muhabura“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. конс. 2008-12-23.  (англиски)
  2. „Mount Muhabura“. Peakbagger.com. конс. 2008-12-23. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]