Сабињо

Координати: 01°24′S 29°36′E / 1.400° ЈГШ; 29.600° ИГД / -1.400; 29.600
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сабињо
Сабињо
Највисока точка
Надм. вис.3645 м
Координати01°24′S 29°36′E / 1.400° ЈГШ; 29.600° ИГД / -1.400; 29.600
Географија
Сабињо на карта

Карта

МестоДемократска Република КонгоРуандаУганда
Матичен венецВирунга
Геологија
Видстратовулкан
Последен избувПлеистоцен[1]

Сабињоисчезнат вулкан кој се наоѓа на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Гахинга, Сабињо, Бисоке (Визоке), Микено, Карисимби, Њирагонго и Њамурагира.

Сабињо се наоѓа североисточно од езерото Киву, едно од најголемите езера во Африка, и западно од езерото Бунони во Уганда. Врвот на планината од 3.645 метри (11.959 стапки), го означува пресекот на границите на Демократска Република Конго (ДРК), Руанда и Уганда. Исто така се наоѓа во рамките на соседните национални паркови основани од овие земји: Националниот парк Вирунга во ДРК, Националниот парк Руанда и Националниот парк Магахинга Горила во Уганда.

Исто како кај Мухабура и Гахинга, бамбусовите шуми на планината Сабињо се живеалиште на загрозените Планински горила. Постојат неколку други видови на животни и птици кои се дел од екосистемот на планината.

Планината го носи локалниот прекар „Заби на Стариот човек“, бидејќи нејзиниот врв наликува на измазнети заби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sabinyo“. Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. Посетено на 13 September 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]