Гахинга
| Гахинга | |
|---|---|
Гахинга (лево) и Мухабура (десно) | |
| Највисока точка | |
| Надм. вис. | 3,474 м |
| Истакнатост | 2,821 м |
| Координати | 1°23′14″S 29°38′37″E / 1.3873°S 29.6435°E |
| Име | |
| Превод | 'Мал куп камења' (Кињаруанда) |
| Географија | |
| Место | Руанда-Уганда |
| Матичен венец | Вирунга |
| Геологија | |
| Вид | стратовулкан |
| Последен избув | непознато |
| Искачување | |
| Најлесен пат | Пешачење |
Гахинга — исчезнат вулкан во планините Вирунга на границата меѓу Руанда и Уганда. Гахинга се наоѓа помеѓу Мухабура и Сабињо, но е најмалиот од овие трите. Гахинга има мочуришна купа на својот врв. Се верува дека купата е широка 180 метри[1]. Националниот парк Магахинга Горила го добил своето име според овој вулкан.
Гахинга е составен дел на планината Вирунга, вулкански синџир, кој пак се наоѓа во Големата Раседна Долина. Вкупно 8 вулкани се наоѓаат по должината на планината Вирунга. Од исток на запад тие се Мухабура, Сабињо, Бисоке, Микено, Карисимби, Њирагонго, Њамурагира, и Гахинга. Вулканскиот синџир се протега низ Уганда, Руанда и Демократска Република Конго.
Исто како кај Мухабура и Сабињо, бамбусовите шуми на планината Гахинга се живеалиште на загрозените Планински горила. Постојат неколку други видови на животни и птици кои се дел од екосистемот на планината Гахинга, како Златните мајмуни.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-07-16. Посетено на 2017-12-09.
