Јапонска црна мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јапонска црна мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Ursidae
Род: Ursus
Вид: Ursus thibetanus

Јапонската црна мечка (Ursus thibetanus japonicus) е под-вид на Азиската црна мечка. Како и останатите азиски црни мечки и оваа поседува бледо-жолт белег на градите. Во Јапонија е позната под името „tsukinowaguma“ што значи месечева мечка.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Источно Хоншу е единственото место во Јапонија каде живеат овие мечки. Територијата на која се движат е со големина помеѓу 10 и 15 квадрати милји. Сепак ова зависи и од залихите на храна и од човекот.

Мечките во планинските предели хибернираат за време на целата зима. Снегот кој е присутен речиси преку целиот период им помага да ја одржат температурата, бидејќи покривајќи го дувлото служи како изолација. Јапонските црни мечки одлично се качуваат по дрвја. Тие градат и гнезда на дрвјата во кои јадат, се одмараат и спијат. Како засолништа ги користат и шупливите дрва.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Освен фактот дека се малку помали, јапонските црни мечки се многу слични на обичната азиска мечка. Во просек тежат помеѓу 60 и 110 килограми. Женките најчесто се околу 75% од големината на мажјаците.

Овие мечки се ноќни животни, Сепак ова се должи и на нивната околина и на фактот дека избегнуваат контакт со луѓето.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Јапонската црна мечка воглавно се храни со растенија. Во зависност од годишното време, исхраната и се состои од желади, лешници, цреши, мравки и други инсекти. Желадите се главната храна за време на есента, снабдувајќи ги мечките со доволно масти пред хибернацијата.

Како и останатите омнивори, и оваа мечка понекогаш се храни и со мали животни како жаби, гуштери или мрша. Сепак многу ретко се случува да лови па затоа исхраната и е претежно вегетаријанска.

Оваа мечка претставува проблем за дрвјата кои се користат во градежната индустрија. Тие често ги уништуваат овие дрва, па поради тоа секоја година се убиваат голем број мечки за да се намали овој проблем.

Размножување[уреди | уреди извор]

Женките достигнуваат сексуална зрелост на возраст од 3-4 години. Сезоната за парење трао од крајот на мај до почетокот на август. Носењето на малечките трае 6 до 7 месеци. Како кај повеќето мечки и кај овие има задоцнето всадување на оплодената јајце клетка, со цел да и се овозможи на мајката да акумулира доволно масти и за неа и за младенчето. Младенчињата (најчесто 2) се раѓаат за време на периодот на хибернација, во средината или крајот на фебруари. Кога се раѓаат тежат помеѓу 200 и 400 грама, а кога го напуштаат засолништето на пролет тежат околу 9 килограми.

Статус[уреди | уреди извор]

Јапонската црна мечка е исчезнат вид во областа Киушу од 1950 година, а се смета за исчезната и во Шикоку. Источно Хоншу е единственото место каде што живеат овие мечки.

Поголемиот дел од природното живеалиште на овие мечки е уништено поради одгледувањето на градежни дрвја кое почнало со 1940тите за време на Втората светска војна. Неконтролираното сечење на шумите ги натерало мечките да се доближуваат до селата и до фармите, каде биле сметани како опасност.

Се претпоставува дека денес во Јапонија има околу 10 000 црни мечки.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]