Белуџистанска црна мечка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белуџистанска црна мечка
Ursus thibetanus gedruosianus
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Carnivora
Семејство: Мечки
Род: Мечка
Вид: Ursus thibetanus
Подвид: U. t. gedrosianus
Триномен назив
Ursus thibetanus gedruosianus

Белуџистанската црна мечка (Ursus thibetanus gedruosianus) е под-вид на азиската црна мечка. Некои веруваат дека ова е единствениот „вистински“ под-вид на азиската мечка.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Белуџистанската црна мечка живее во високите делови на покраината Белуџистан во јужен Пакистан и југоисточен Иран. Најмногу ја има на ридовите јужно од Куздар. Во минатото ја имало низ целата територија на Белуџистан, но денес се смета дека е исчезната во повеќето региони. Како главна причина за исчезнувањето се смета уништувањето на шумите што претставува уништување на природното живеалиште на оваа мечка.

Особености[уреди | уреди извор]

Како и останатите азиски мечки и оваа има белег со кремава боја на градите. Овие мечки се малку помали од азиската црна мечка. Достигнуваат должина од 1,4 до 1,8 метри, и тежина помеѓу 90 и 180 килограми. Повеќето мечки од овој под-вид имаат кратко крзно со кафеавкаста боја, која почесто е црвено-кафеава отколку црна. Животниот век им е помеѓу 25 и 30 години.

Женките достигнуваат полова зрелост на возраст од 3-4 години. Во Пакистан, сезаоната за парење е во октомври, и носењето на малечките трае 7-8 месеци. Се смета дека во потоплите предели бременоста е пократка отколку во постуденит предели. Белуџистанската мечка раѓа од 1 до 3 младенчиња. Тие се раѓаат слепи и целосно зависни од мајката. Остануваат со мајката во текот на следните две години.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Белуџистанската мечка се храни со растенија, плодови, семиња, мед и инсекти. Исо така се храни и со мали ’рбетници како птици, глодачи и гуштери.

Заштитен статус[уреди | уреди извор]

Белуџистанската црна мечка е еден од најретките цицачи на светот и се наоѓа на црвената список на загрозени видови (IUCN). Заштитена и е според CITES, односно постои забрана за каква било продажба на производи од оваа мечка. Се прават напори да се спречи истребувањето, меѓутоа најголем проблем претставува сечењето на шумите, кое е нивното природно живеалиште.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]