Волос
Волос Βόλος | |
---|---|
Ноќен поглед на Волос | |
Местоположба во областа 2011 Dimos Volou.png | |
Координати: 39°22′N 22°56′E / 39.367° СГШ; 22.933° ИГДКоординати: 39°22′N 22°56′E / 39.367° СГШ; 22.933° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Тесалија |
Округ | Магнезија |
Населби | 18 |
Управа | |
• Градоначалник | Ахилеас Беос (од 2014) |
Површина | |
• Општина | 387,1 км2 (1,495 ми2) |
• Општ. един. | 27,678 км2 (10,687 ми2) |
Најг. вис. | 5 м |
Најм. вис. | 0 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. | 144.449 |
• Општ. густина | 37/км2 (97/ми2) |
• Општ. един. | 118.707 |
• Општ. един. густина | 4,3/км2 (11/ми2) |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 38x xx |
Повик. бр. | 24210 |
Рег. таб. | ΒΟx |
Мреж. место | volos-city.gr |
Волос (грчки: Βόλος) — главен град на округот Магнезија од областа Тесалија, што е вториот град по големина и значење, веднаш по седиштето — Лариса.
Име[уреди | уреди извор]
Според пишувањата на византиски историчар во 14 век градот го носи словенското име Голош во смисла на „голо“ или „пусто“ место.
Природни услови[уреди | уреди извор]
Волос се наоѓа во централниот дел на Грција, покрај најважниот национален пат Атина - Солун (од кој е одвоен 10 км). Од градот Атина е 326 км, и 215 км од Солун. Градот е во центарот на округот. Се наоѓа во истоимената мала рамнина на врвот на Пагасетичкиот Залив. Над градот се издигаат планините Пилио и Мавровуни. Климата во Волос е средоземна, со карактеристични жешки лета и благи зими со редок снег.
Историја[уреди | уреди извор]
Најстарите археолошки наоди од подрачјето на Волос покажуваат дека оваа област била населена во праисториско време, со што подрачјето на градот е многу важно. Западно од градот се остатоците од најстариот Акропол во Грција, Сескло, подигнат 6000 година п.н.е., со што праисториската неолитска култура на територијата на Грција се нарекува Сескло и Димини.
На 6 век п.н.е. оваа област е вклучена во цивилизациските текови. Во 344 година областа потпадна под власта на Античка Македонија, а во 196 година беше под староримско владеење.
Во средниот век, градот беше најдолго под Византија, накратко под Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под Турците Волос останува следните четири века. Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, месното муслиманско население масовно се иселува, а последните иселувања биле после турско-грчката војна 1897-1898 година. По грчко-турската војна, многу грчки бегалци од Мала Азија се населиле во и околу градот. Во 1955 година градот бил погоден од земјотрес, за потоа да биде изграден на модерен начин.
Население[уреди | уреди извор]
Општина Волос има 82.439 жители, и е меѓу 10-те најголеми градови на Грција. Населението се главно етнички Грци.
Меѓународни односи[уреди | уреди извор]
Градот Волос отсекогаш имал голема улога во финансиските, економските, комерцијалните и административните работи во регионот Тесалија и Централна Грција, поради стратешката позиција на пристаништето, единствено помеѓу Атина и Солун.
Конзулати[уреди | уреди извор]
Неколку европски држави имаат отворено конзулат во Волос како:
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
- Антофагаста, Чиле
- Батуми, Грузија[2]
- Ле Ман, Франција[3]
- Плевен, Бугарија
- Ростов на Дон, Русија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Batumi - Twin Towns & Sister Cities“. Batumi City Hall. Архивирано од изворникот 2012-05-04. Посетено на 2013-08-10.
- ↑ „Twinnings“ (PDF). Central Union of Municipalities & Communities of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-30. Посетено на 2013-08-25.
|