Пердика II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Монета на кралот Пердика II (лице и опачина)

Пердика IIкрал на Македонија од 428 до 413 п.н.е.. Бил син на Александар I. По смртта на кралот Александар во 452 г, Македонија почнала да се распаѓа. Македонските племиња станале речиси целосно автономни и имале слаби врски со кралот. Кон 434 год., братот на Пердика, Филип, го предизвикал брата си за престолот и добил помош од Атина и кралот Дерда на Елимеја. Пердика возвратил со тоа што предизвикал востание во неколку вазални градови на Атина, вклучувајќи ја и Потидеја. Атина возвратила со 1000 хоплити и 30 бродови во Македонија и ја зазеле Терма. При маршот за опсада на Пидна, им се придружиле уште 2000 хоплити и 40 бродови. Меѓутоа, додека траела опсадата на Пидна, атињаните дознале дека Коринт пратил 1600 хоплити 400 лесна пешадија во поддршка на Потидаја. За да се справат со оваа нова закана, Атина склучила сојуз со Пердика и продолжила да се бори во Потидаја. Пердика веднаш го прекршил договорот и се упатил кон Потидаја каде атињаните победиле.

Во 431 год., Атина се сојузила со кралот Ситалк на Тракија, по венчавката на атињанинот Нимфодор со сестра му на Ситалк. Нимфодор потоа почнал преговори меѓу Атина и Пердика каде Пердика го добил назад градот Терма. Како резултат на тоа, Атина ја повлекла својата поддршка на Филип и Тракијците ветиле дека ќе му помогнат на Пердика да го фати. За возврат, Пердика измарширал накај Халкидик, кај истите луѓе кои првобитно ги разубедил да се бунтуваат.

Меѓутоа Пердика повторно ги изневерил атињаните и пратил 1000 војници во поддршка на Спарта во нивниот напад на Акарнанија во 429, но тие пристигнале предоцна за да бидат од помош (Тукидид 2.80). Како одговор на тоа, Ситалк ја нападнал Македонија со ветување за помош од Атина. Оваа помош никогаш не дошла и Пердика повторно употребил дипломатија за да го задржи интегритетот на Македонија. Ја ветил својата сестра за невеста на внукот на Ситалк, кој го убедил Ситалк да ја напушти територијата.

По оваа препирка, Пердика се осојузил со Спарта и, во 424 год., му помогнал на спартанецот Брасид да го завезе Амфиполис од атињаните кој бил една од најважните колонии заради нејзината обилност со дрво за бродоградба. Ова бил тежок удар за Атина бидејќи била приморана да увезува дрво од македонија многу години. Ова ја зајакнало силата на преговарање на македонија многукратно. За возврат, Спартанците му помогнале на Пердика да ги зацврсти своите граници со тоа што го нападнале кралот Архабеј на Врска, со ветување на помош од Илирија. Меѓутоа Илирите ја смениле страната и го нападнале Пердика и неговите спартански сојузници. Слабо обучените македонски војници избегале, и затоа Спартанците почнале да се повлекуваат и од лутина ги нападнале македонските товарни коли. Ова го расипало односот помеѓу Македонија и Пелопонезот за многу години и затоа Пердика морал да склучи сојуз со Атина во 423/2 год.

Во 417, Пердика го напуштил сојузот со Атина и се приклучил кон Спартанско-Арговскиот сојуз. Само четири години подоцна, заради притисок од страна на Атина, Пердика ги раскинал врските со Пелопонезот и пратил помош на Атина во нападот на Амфиполис.

Пердика умрел во 413 п.н.е и му го предал кралството на својот син, Архелај.

Поврзано[уреди]