Александар IV
Александар IV (323 п.н.е. — 309 п.н.е.) — крал на Македонија, господар на Азија, фараон на Египет и шаханшах на Персија. Бил син на Александар III Македонски и бактриската принцеза Роксана.
Раѓање
[уреди | уреди извор]Бидејќи Роксана била бремена кога Александар III Македонски умрел, а полот на детето не бил познат, се јавиле неслоги кај македонската војска во врска со редот на наследување. Додека пешадијата го поддржувала чичкото (полу брат на Александар III) на детето, Филип III Аридеј (кој бил епилептичар и нелегитимен), хилиархот Пердика, командант на елитните коњички придружници, успеал да ги убеди да сочекаат, надевајќи се дека детето ќе се роди машко. Вака двата табора се согласиле Пердика да владее како регент додека Филип би владеел, но само како фигура, без вистинска моќ. Ако детето се родило машко, тогаш тоа ќе стане крал. Александар IV се родил во август 323 п.н.е. неполни три месеци по смртта на татко му Александар III Македонски.
Регенти
[уреди | уреди извор]По строгото регентство, воениот неуспех во Египет и бунтот во војската, Пердика бил убиен од неговите воени старешини во јуни 320 п.н.е., по што Антипатар станал новиот регент со Трипарадиската поделба. Со себе ја донел Роксана и двата крала на Македонија и се откажал од претензиите кон владеење на Александровата империја, оставајќи ги некогашните покраини Египет и Азија во власта на сатрапи (дијадосите). Кога Антипатар умрел во 319 п.н.е. му ја доделил власта на Полиперхон, генерал кој им служел на Филип II и Александар Македонски, и нивиот наследник, прескокнувајќи го синот Касандар.
Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Касандар се осојузил со Птоломеј I Сотир, Антигон I Едноокиот и Евридика III, амбициозната жена на Филип III, и прогласил војна против регентството. Полиперхон се осојузил со Евмен и Олимпија.
Иако отпрвин Полиперхон бил успешен во заземање на грчките градови, неговата флота била уништена од Антигон во 318 п.н.е. Кога, по битката Касандар зазел полна власт врз Македонија, Полиперхон морал да пребега во Епир, заедно со Роксана и младиот Александар. Неколку месеци потоа, Олимпија успеала да го убеди нејзиниот роднина Еакид да изврши инвазија на Македонија заедно со Полиперхон. Кога Олимпија отишла на полето, војската на Евридика одбила да се бори против мајката на Александар и преминале на страната на Олимпија, по што Полиперхон и Еакид повторно ја зазеле Македонија. Филип III Аридеј и Евридика биле фатени и погубени на 25 декември 317 п.н.е., оставајќи му го кралството на Александар IV, но вистинската власт била во рацете на Олимпија, која била негов регент.
Следната година Касандар се вратил (316 п.н.е.), повторно освојувајќи ја Македонија. Олимпија веднаш била погубена, додека кралот и неговата мајка биле ставени во затвор во тврдината Амфипол под надзор на Главкиј. Кога општиот мир помеѓу Антигон, Птоломеј I Сотир и Лизимах ставил крај на Третата војна на дијадосите во 311 г. п.н.е., мировниот договор ги признал правата на Александар IV и било јасно кажано дека тој ќе го наследи Касандар кога ќе стане полнолетен.
Смрт
[уреди | уреди извор]По мировниот договор, бранителите на Аргеадите почнале да изјавуваат дека Александар IV треба сега да има полна моќ и дека повеќе нема потреба од регент. Одговорот на Касандар бил дефинитивен: за да си ја обезбеди власта, во 309 п.н.е. му наредил на Главкиј да изврши таен атентат врз 13-годишниот Александар IV и неговата мајка Роксана, во затворот во Амфипол. Така и двајцата биле отруени.
Александар IV, е последниот македонски крал од династијата на Аргеадите.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- Smith, William (ed.); Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, "Alexander IV" Архивирано на 15 мај 2007 г., Boston, (1867)
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 21. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 15. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Вики класичен речник: Александар IV Архивирано на 11 мај 2006 г. (англиски)
Александар IV Роден(а): 323 г. п.н.е. Починал(а): 309 г. п.н.е.
| ||
Претходник Филип III |
Крал на Македонија 323 — 309 г. п.н.е. |
Наследник Касандар |
Шах 323 — 309 г. п.н.е. |
Наследник Селевк I Победникот | |
Фараон 323 — 309 г. п.н.е. |
Наследник Птоломеј I Сотер |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |