Прејди на содржината

Список на кралеви на Античка Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крал на Македонија)

Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и северна Грција.

Македонија станува важна држава во IV век п.н.е. по покорувањето на грчките полиси од страна на кралот Филип II Македонски.

Неговиот син, Александар Македонски, успеал да го освои Персиското царство.

Македонската Империја после војните на дијадосите се распаднала на империи-наследнички.

Антигонидската династија продолжила да владее со територијата на поранешното Кралство Македонија, задржувајќи ја хегемонијата над Грција сè додека нивната држава не била освоена од страна на Римската Република за време на македонско-римските војни (215 п.н.е. - 148 п.н.е.).

По поразот на војската на Персеј во Битката кај Пидна во 168 п.н.е., Македонија била поделена на четири републики од страна на Римјаните.

Во 150 п.н.е. човек по име Андриск тврдел дека е син на Персеј и го барал престолот на Македонија како крал Филип VI. Ова била причината за Четвртата македонско-римска војна во која Андриск бил поразен од страна на римјаните и Македонија била припоена кон Рим (148 п.н.е.).

рбр владетел период на владеење[1] време
(год.)
династија роден починат забелешка
1 Каран 808 - 778 30 Аргеади
2 Коин 778 - 750 28 Аргеади
3 Тирима 750 - 700 50 Аргеади
4 Пердика I 700 - 678 22 Аргеади ги обединил македонските племиња
5 Аргеј I 678 - 640 38 Аргеади
6 Филип I 640 - 602 38 Аргеади
7 Аероп I 602 - 576 26 Аргеади
8 Алкет I 567 - 547 20 Аргеади
9 Аминта I 547 - 498 49 Аргеади
10 Александар I 498 - 454 44 Аргеади
11 Алкет II 454 - 448 6 Аргеади
12 Пердика II 448 - 413 35 Аргеади
13 Архелај 413 - 399 14 Аргеади
14 Кратер 399 - 399 Аргеади владеел само 4 дена
15 Орест 399 - 396 3 Аргеади
16 Архелај II 396 - 393 3 Аргеади
17 Аминта II 393 - 393 Аргеади
18 Павзаниј 393 - 393 Аргеади
19 Аминта III 393 - 393 Аргеади
20 Аргеј II 393 - 392 1 Аргеади
21 Аминта III 392 - 370 22 Аргеади повторно назначен
22 Александар II 370 - 368 2 Аргеади
23 Птоломеј I 368 - 365 3 Аргеади
23 Пердика III 365 - 359 4 Аргеади Погинал во битка со Илирите
23 Аминта IV 359 - 356 3 Аргеади Бил малолетен кога станал титуларен крал, со кралството владеел регентот Филип II. После атентатот на Филип II и доаѓањето на престолот на Александар Македонски, Аминта IV бил веднаш погубен.
24 Филип II Македонски 359 - 336 23 Аргеади дошол на престолот како регент, но истата година се прогласил за крал
26 Александар III Македонски 356 - 323 13 Аргеади ја формирал Македонската Империја
27 Антипатар 323 - 323 1 Аргеади регент
28 Филип III Аридеј 323 - 317 13 Аргеади заедно со Александар IV
28 Александар IV Македонски 323 - 310 13 Аргеади заедно со Филип III Аридеј
29 Пердика 323 - 321 1 Аргеади регент на Македонската Империја
30 Антипатар 321 - 319 1 Аргеади регент на Македонската Империја
31 Полиперхон 319 - 317 1 Аргеади регент на Македонската Империја
32 Касандар 317 - 306 11 Аргеади регент на Македонската Империја
33 Касандар 306 - 297 9 Антипатриди
34 Филип IV 297 - 296 1 Антипатриди
35 Александар V 296 - 294 2 Антипатриди
36 Антипатар II 296 - 294 2 Антипатриди
37 Деметриј I Опсадникот 294 - 288 6 Антигониди
38 Лизимах 288 - 281 7 го делел престолот со Пир Епирски
39 Пир Епирски 288 - 285 3 го делел престолот со Лизимах
40 Птоломеј II Керавн 281 - 279 2 Птоломаиди
41 Мелегар 279 - 279 1 Антигониди
42 Антипатар II 279 - 279 1 Антигониди
43 Состен 279 - 277 2 командант на војската
44 Антигон II Гонат 277 - 274 3 Антигониди
45 Пир Епирски 274 - 272 2 повторно назначен
46 Антигон II Гонат 272 - 239 33 Антигониди повторно назначен
47 Деметриј II 272 - 229 10 Антигониди
48 Антигон III Досон 229 - 221 8 Антигониди
49 Филип V 221 - 179 42 Антигониди
50 Персеј 179 - 168 11 Антигониди
  1. Годините се однесуваат на години пред новата ера

Поврзано

[уреди | уреди извор]