Скити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скитија (1 век пр.н.е)
Скитски воини, нацртани на чаша, најдена во курганот Кул'Оба крај Керч (Национален Ермитаж, Санкт Петербург)
„Битка помеѓу скити и словени“,Во.М. Васнецов, 1881



Скитите (во Средна Азија познати под етнонимот сака) се антички народ од иранската група народи.[1]

Тој се состоел од номадски племиња, во различни историски периоди населувал големи територии меѓу Западна Монголија, Средна Азија, дури Североисточна Бугарија.

Најзначајните скитски племиња, познати од античките извори, ги населувале земјите меѓу реките Дњепар и Дон. Потчинетите од нив народи, кои живееле во периферните региони на Источноевропските степи, исто така биле нарекувани скити, но тие всушност не зборувале ирански јазици.

Византискиот емисар Приск, којимал средби со хунскиот водач Атила, неколку пати ги нарекува неговите сопатници „скити“. Тоа е причина некои научници да претпоставуваат дека некои хунскиа племиња биле од скитско потекло.

Бидејќи не е откриена скитска писменост, огромниот дел од податоците кои се однесуваат на скитите доаѓаат од старогрчки и римски извори.

Скитите биле организирани во мрежа од племиња кои одгледувале коњи, населувале голем дел од степските региони на Евразија. Нивните населби достигнувале до Североизточен Казахстан. Тие биле управувани од племенска аристократија. По традиција аристократите биле погребувани во кургани. Погребалните комори во нив биле изградени од штици од европски ариш (Lаrix dеciduа), кое што дрво било од специјално ритуално значење, како единствено иглолисно дрво во Европа, на кое што му паѓаат игличките во зима, т.е. слично на широколисните дрвја кои ги менуваат листата, и на тој начин го симболизира повторното раѓање. Погреби како тој во Пазирик, во Алтајските планини, раскриваат впечатливо добро зачувани во лед скитски мумии, една од коишто е „Ледената девојка“ од 5 век пр.н.е..

Биле особено познати по вештините во стрелање со лак, поради што многу скити биле земани како наемници кај соседните народи. Врз основа на археолошките пронајдоци, некои научници сметаат дека скитските жени-воини послужиле како основа на старогрчкиот мит за амазонките.

Некои откриени гробови од културата Пазирик делумно го потврдуваат мислење. Најдени биле скелети на маж и жена, и двајцата во полна борбена опрема. Сето тоа наведува на мислата, дека определени жени, обично млади и неомажени, биле дел од воениот состав.

Историја[уреди | уреди извор]

Макар што сè уште нема неспорни докази за потеклото и миграциите на скитите кон Кавказ и Украина, традиционално се прифаќа дека скитскиот етнос и култура се формират во Средна Азија и се раселува на запад меѓу 800 г. пр.н.е. и 600 г. пр.н.е.. Движењето на тие народи кон Европа се развива главно во два правци. Првиот преминува преку земјите јужно од Каспиското Море. Имено тие преселници од VII-VI век пр.н.е. станале познати во грчките извори под името „скити“. Вториот правец на преселување поминува северно од Каспиското Море. Тие средноазиски преселници најчесто во науката се нарекуваат со иранското име саки.

Најмногу информации за темата, покрај од археолошките проучувања, доаѓа од старогрчки извори. Хомер ги нарекува скитите „дојачи на кобили“, а Херодот ги опишува подетално: со подплатени панталони, стуткани во чизмите, и со отворени туники. Јавале без седло, а само со парче кожа на грбот на коњот. Според Херодот источните скити (сака) употребувале опојни семиња преку фрлање во огнан (изгледа марихуана или друг вид коноп), иако тврдењето е нејасно. Сепак слична пракса може да се поврзе со еден од клоновите на саките, имено тие, коишто персијците ги нарекуваат „хаумаварга“. Скитите користеле особено опасни стрели со боцки. Според римски извори тие се хранеле со крв од коњите. Се верува, дека тие први почнале да јаваат коњи и ги искористувале во борба.

Скитскиот филозоф Анахарс кој ја посетил Атина во 6 век пр.н.е., а неговата мудрост станала легендарна. Од 5 век пр.н.е. до 3 век пр.н.е. скитските племиња доживеале општествен подем. Кога Херодот ги пишувал своите „Истории“, хелените разликувале Велика Скитија, во регион започнувајќи на дваесет денови јавање од реката Дунав, преку украинските степи и до долниот тек на Дон, од Мала Скитија, којашто е днешната Добруџа. Оттогаш реката Дон (во антиката нарекувана Танаис) станала основна трговска маршрута. Скитите заработувале главно од трговијата со робови, а исто така извезувале жито, добиток и сирење кон Грција, преку грчките колонии во Северното Црноморие.

Со воениот поход од 339 г. пр.н.е., македонскиот владетел Филип II прекинал тие врски.

Иако античките извори тврдат, дека скитите „исчезнале“ околу 1 век пр.н.е., римските историчари продолжуваат да го користат тој етноним, за означување на сите племиња кои одгледувале коњи, кои навлегувале во Европа. Сарматските воени сојузи го преземаат скитското пространство северно од Црно море. Според историските податоци, сарматите, аланите и осетијците се наследници на сакските племиња, т.е. се во сродство со т.нар. историски скити. Осетијците се иранојазичен народ во Европа. Основните два диалекти се иронски и дигорски. Осетијскиот јазик припаѓа на источноиранските јазици и содржи некои блиски паралели со авестискиот.

Скитите се споменуваат дури и од ирски легенди, пишувани во христијанскиот период.

Археологија[уреди | уреди извор]

Скитски коњаник. Слика од Пазарак, Алтај, околу 3 век пр.н.е. Тестови на древна ДНК покажуваат, дека скитското население во региони од тоа време било од мешан антрополошки тип, кое што се гледа и на изображението.

Меѓу главните археолошки откритија, кои и припаѓаат на скитската култура, се впечатлливи кургани, во кои се пронајдени мајсторски изработени предмети од злато и други скапоцени метали, коприна, остатоци од принесени како жртви коњи и луѓе. Откриени се и добро сочувани човечки остатоци, од кои некои се намерно мумифицирани, а други – сочувани во ледот на планините Алтај.

Првите откриени скитски (сакски) гробови од бронзоената епоха се курганите во Република Алтај во Руската федерација. Тие ја образуваат Пазирикската култура по името на наоѓалиште крај днешното село Улаган.

Пет големи погребни могили и неколку поскромни гробови се испитувани во периодот од 1925 – 1949 г., главно од тим на рускиот археолог Сергеј Руденко. Могилите се составени од комори, изградени од стебла на листопаден бор (Lаrix Еuropаеа), заѕидани со големи камења.

Во гробниците било оставено се што неопходно за задгробниот живот на погребаните. Аристократите биле полагани во гробот заедно со своите коњи, а во една од могилите е најден и прочуениот Пазирикски килим – најстариот познат ориентален килим.

Пазирикската култура доживеала подем меѓу 7 век пр.н.е. и 3 век пр.н.е. Таа била центар на поголемата од две сродни скитски заедници, кои самите се нарекувале себеси саки. Антрополошките испитувања на откриените скелети и мумии покажуваат мешана расна припадност на саките, дел од кои што биле светлокестењави до руси и со светла пигментација на кожата.

Источно од културата Пазирик, по горниот тек на Енисеј, е расположена сличната тагарска култура.

Археогенетика[уреди | уреди извор]

Според постарите испитувања, генетскиот пренос во време на бронзената епоха, бил од запад на исток а улогата на миграцијата на индоевропејците на исток (културите Јамна и Андроново) е потврдена. Генетските испитувања врз номадите од железната епоха се ограничени од малиот број на тестирани проби, обично е ограничен до една културна група, или въз основа на анализа само на митохондриални хаплогрупи (mtDNА).

Според поновите истражувања на древна ДНК извршени на скитски коски од Пазирик, скитите се носители, како на западно евроазиски, така и на источноазиски и сибирски хаплогрупи, а меѓурасните контакти започнуваат през 5 век пр.н.е.[2]

Во поскорешно проучување се анализирани проби од поединци поврзани со скитската култура од различни географски и временски периоди. Пробите се распределени во две групи земени од две географски зони: западна (регион Дон-Волга и регион југозападно од Урал) и источна зона (Источен Казахстан и планината Алтај). Последната група вклучува проби коишто се поврзуваат со културата Пазирик. И покрај тоа што двете групи се разделени од растојание 2000 – 3500 километри, археолошки податоци откриваат, дека тие се слични во културата и начинот на живот. Според тоа проучување скитите потекнуваат од носителите на т.нар. Јамска култура и се раселуваат како на запад кон Европа, така и на Исток во Средна Азија и Јужен Сибир. Поради големата мобилност како јавачи, со што го надминуваат затеченото население, тие преземаат големи територии. Според истражувањето, скитите се делат на Источни и Западни, а при населувањето се мешаат со месното население. На Исток тоа се првенствено носители на източноазиатска ДНК, но меѓу двете групи има не само културна размена, но и генетска. Западните скити исто имаат источноазиска генетска врска, но таа е послаба. Източноазиската ДНК кај Западните скити се засилува најмногу во Железното време, многу пред доаѓањето на турските народи во раното Средновековие.[3] Современите популации со генетска врска со западните скити се наоѓаат првенствено во блиска географска близина со Кавказ, Русија и Средна Азија, и се ирански и други индоевропски групи. Популациите со генетски сличности со источните скитски групи се распределени во поширок географски опфват речиси исклучително меѓу тие што зборуваат турски јазици.

Митологија на скитите[уреди | уреди извор]

Еве сведоштво од Херодот, којшто дава и споредба меѓу скитските и елинските богови: „Хестија на скитски се нарекува Табити (Табита), Зевс – Папај, според мене совършено правилно, Геја – Апи, Аполон – Гојтосир (Ојтосир), Афродита Уранија се нарекува Аргимпаса (Артимпаса, Арипаса), Посејдон – Тагимасад.“ Со исклучок на Посејдон  – Тагимасад, кој се почитува само од царските скити, бројот на богови е седум. Седумбожието е одржлива карактеристика на религијата на индоиранците. Таков бил првичниот број на Адитите – водечки богови во митологијата на ведијските арии. На прво место е посочена Табити (Табита), која што е не само божица на домашното огниште, но воопшто на огнот, како и на семејството – слично на Агни, индоаријскиот бог на огнот. Така опишаниот од Херодот пантеон се дели на три нивоа: „повисоко од сите“ или „пред сите“ се почитува Хестија-Табити, „покрај тоа“ или „потоа“ – Зевс и Геја, а „после нив“, „понатаму“ – останатите четири божества. Според иранистите етимологијата на името на божицата Табити е „согорувачка“ или „пламена“, кое го потврдува толкуването како божество на огнот.

Бележки[уреди | уреди извор]

  1. „Scythian mummy shown in Germany“. BBC. 2007. Посетено на 15 август 2010.CS1-одржување: ref=harv (link)
  2. Tracing the Origin of the East-West Population Admixture in the Altai Region (Central Asia) Mercedes González-Ruiz et al., PLOS, 9 ноември 2012, DOI: 10.1371/journal.pone.0048904: Here we present support to the hypothesis that the gene pool of Iron Age inhabitants of Mongolian Altai was similar to that of western Iron Age Altaians (Russia and Kazakhstan). Thus, this people not only shared the same culture (Pazyryk), but also shared the same genetic east-west population admixture. In turn, Pazyryks appear to have a similar gene pool that current Altaians [...] Combined with the previous studies performed so far in the Altai region, our results suggest that the Altai represented a boundary to gene flow up to the beginning of the Iron Age and that during the Scythian period of the Altai (5th to 3rd century BC) there were demographic events in the region that led to a population admixture in both sides of the Altai.
  3. Ancestry and demography and descendants of Iron Age nomads of the Eurasian Steppe. Martina Unterländer et al. Nature Communications 8, Article number: 14615 (2017) doi:10.1038/ncomms14615

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Парти
  • Сармати

Надворешни врски[уреди | уреди извор]