Амазонки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амазонка
Амазонка се подготвува за битка

Амазонки — митолошки народ составен од женски воини во старогрчката митологија и антиката. Херодот сметал дека се од регионот кој се граничи со Скитија во Сарматија (денес во Украина). Други историографии сметаат дека биле од Мала Азија,[1] а понекогаш и Либија.[2]

Значајни кралици на Амазонките се Пентесилеја, која учествувала во Тројанската војна, и нејзината сестра Хиполита, чиј магичен појас, подарен од нејзиниот татко Арес, бил причина за еден од подвизите на Херкул. Амазонските напаѓачи често биле прикажувани во битка со грчките воини во амазономахиите во класичната уметност.

Амазонките станале поврзани со многу историски луѓе во текот на периодот на Римската империја и доцната антика. Во римската историографија, постојат повеќе споменувања на Амазонски инвазии во Мала Азија. Од почетокот на модерниот период, нивното име станало термин за женски воини.

Мит[уреди | уреди извор]

Според Филис Чеслер, "во Амазонските општества жените биле мајки и единствените политички и религиозни лидери на нивното општество",[3] а исто така и единствените воини и ловци;[4] "кралиците биле избирани"[5] и очигледно "секоја жена би можела да се стреми и постигне целосен човечки израз".[6] Херодот објавил дека сарматите биле потомци на Амазонките и Скитите, и дека жените ги задржале античките обичаи на своите мајки", често ловејќи на коњи со нивните сопрузи, борејќи се во војните; и носејќи иста облека како мажите". Покрај тоа, рекол Херодот, "никоја девојка нема да се венча додека таа не убила маж во битка“. Амазонките играле улога во римската историографија. Јулиј Цезар зборувал за освојувањата на големи делови на Азија од страна на Семирамите и Амазонките. Иако Страбон бил скептичен во врска со нивната историчност, Амазонките биле сметани како историски факт во текот на антиката.[7] Неколку Црквени Отци зборувале за Амазонките како вистински луѓе. Средновековните автори ја продолжиле традицијата на лоцирање на Амазонките на север, Адам од Бремен сметајќи дека живееле блиску до Балтичкото Море и Павле Диаконус во срцето на Германија.[8]

Во некои верзии на митот, на мажите не им било дозволено да имаат сексуални односи или да живеат во Амазонската земја; но еднаш годишно, со цел да се спречи изумирањето на нивната раса, тие ги посетувале Гаргареаните, соседното племе. Машките деца кои биле резултат на овие посети биле или убиени, или вратени на нивните татковци; девојките биле чувани и израснати од страна на своите мајки, и обучени во ловот и уметноста на војната. Во другите верзии кога Амазонките отишле во војна тие не ги убивале сите мажи. Некои ги зимале за робови, и еднаш или два пати годишно тие имале секс со своите робови.[9]

Џорданис во "Гетика“ (560 год.), раскажува како по неколку векови, по инцидентот во кој Готските жени успешно им се спотивставиле на соседно племе, додека мажите биле зафатени со кампањата против фараонот Весосис, жените формирале своја сопствена војска на чело со Марпесиа и ја преминале реката Дон, напаѓајќи ја Азија. Нејзината сестра Лампеда остана во Европа за да ја штити мајковината. Тие репродукцирале со мажите еднаш годишно. Овие Амазонки ги освоиле Ерменија, Сирија, и цела Мала Азија, а дури и постигнувале до Јонија и Еолија, владеејќи над оваа огромна територија 100 години. Џорданис исто така споменува дека тие се бореле со Херкул, и во Тројанската војна, и дека помал контингент од нив останале во Кавказ до времето на Александар. Тој ги спомнува со име кралиците Меналип, Хиполита и Пентесилеја. Постои предание дека Тезеј учествувал во успешниот поход на Херкул против Амазонки и дека како удел во својот воен плен ја добил нивната кралица Антиопа, која е позната и како Меланипа, ноо тоа за неа не било страдање оти таа веќе била вљубена во него и му помогнала во заземање на некои градови. За нивната врска постои и предани според кое Тезеј ја грабнал кога таа му донела подароци на еговиот брод.[10]

Археологија[уреди | уреди извор]

Скити и Сармати[уреди | уреди извор]

Шпекулации дека идејата за Амазонките е врз основа на реалноста е базирана на археолошките наоди од погребувања, што укажуваат на можноста дека некои сарматски жени учествувале во битки. Овие наоди довеле научниците да укажуваат на тоа дека амазонската легенда во грчката митологија можела да биде "инспирирана од вистински жени воини".[11]

Докази за жени воини биле најдени во курганите во јужниот дел на Украина и Русија. Дејвид Ентони заклучил: "Околу 20% од скитско-сарматски" воински гробови "содржеле жени облечени за битка слично како и мажите што се облекувале, феномен што веројатно ги инспирирал грчките приказни за Амазонките".[12]

25% од воените погребувања биле на вооружени сарматски жени обично вклучувајќи поклонува.[13] Рускиот археолог Вера Ковалевскаја укажува дека кога скитските мажи биле далеку во борба или лов, номадските жени би требало да можат да се бранат себеси, нивните животни и пасишта. Со текот на времето Скитите напреднале во Азија и постигнале речиси хегемонијата во Блискиот Исток, имало период од дваесет и осум години, кога мажите би биле далеку на кампањи за долги периоди. Во ова време жените не само што би требало да се бранат, туку и да репродукцираат и ова би можело да биде потеклото на идејата дека Амазонките репродукцирале еднаш годишно со своите соседи, ако Херодот, всушност, ги базирал своите тврдења на факти.[13]

Минојски Крит[уреди | уреди извор]

Кога минојската археологијата била сеуште во повој, теорија спомената во есеј во врска со Амазонките придонесена од страна на Луис Ричард Фарнел и Џон Мирс во 1908,[14] го постави нивното можно потекло во минојската цивилизација, обрнувајќи внимание на занемарените сличности помеѓу двете култури. Според Мирс, традициите на Амазонските култови изгледале многу слични и можеби дури и потекнувале од минојската култура.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „4,000-year-old legend about northern Turkey to become film - Hurriyet Daily News and Economic Review“. Hurriyetdailynews.com. http://www.hurriyetdailynews.com/n.php?n=0627113515282-2010-06-28. конс. 7 септември 2010 г. 
  2. Schmitz, Leonhard. (1867). „Amazones“. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology 1: 137–138. Изд. William Smith. Boston: Little, Brown and Company.
  3. Chesler, Phyllis, Women and Madness (N.Y.: Palgrave Macmillan, rev'd & updated ed., 1st ed. November, 2005 (ISBN 1-4039-6897-7)), pp. 335–336 (italics omitted) (author emerita prof. psychology & women's studies & affiliated with Haifa Univ. & Bar Ilan Univ.).
      Same quotation: Chesler, Phyllis, Women and Madness (Garden City, N.Y.: Doubleday, 1972 (ISBN 0-385-02671-4)), p. 284 (italics omitted) (author then asst. prof., psychology dep't, Richmond Coll., City Univ. of N.Y., Policy Council Member of Ass'n for Women in Psychology, & feminist).
  4. Chesler, Phyllis, Women and Madness (2005), op. cit., pp. 335–336.
      Same quotation: Chesler, Phyllis, Women and Madness (1972), op. cit., p. 284.
  5. Chesler, Phyllis, Women and Madness (2005), op. cit., p. 336.
      Same quotation: Chesler, Phyllis, Women and Madness (1972), op. cit., p. 284.
  6. Chesler, Phyllis, Women and Madness (2005), op. cit., p. 336 (italics omitted).
      Same quotation: Chesler, Phyllis, Women and Madness (1972), op. cit., p. 285 (italics omitted).
  7. Strabo, 5.504.
  8. Ukert, F. A., Die Amazonen (Abhandlungen der philosophisch-philologischen Classe der Königlich Bayerischen Akademie der Wissenschaften, 1849), 63.
  9. Strabo xi. 503.
  10. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 306.
  11. „Lyn Webster Wilde, "Did the Amazons really exist?" ''Diotima''“. Stoa.org. http://www.stoa.org/diotima/essays/wilde.shtml. конс. 25 јануари 2014 г. 
  12. Anthony, David W. (2007). The Horse, the Wheel, and Language: How Bronze-Age Riders from the Eurasian Steppes Shaped the Modern World. Princeton University Press. ISBN 0-691-05887-3. http://books.google.com/?id=mTxQmQEACAAJ. 
  13. 13,0 13,1 „Diotima“. Stoa.org. http://www.stoa.org/diotima/essays/wilde.shtml. конс. 25 јануари 2014 г. 
  14. L.R. Farnell and J.L. Myres, "Herodotus and anthropology" in Robert R. Marett Anthropology and the Classics 1908, pp. 138ff.