Дахомски Амазонки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Дахомските Амазонки или Мино биле Фонски женски воен полк на Кралството Дахомија (денешен Бенин) кој траел до крајот на 19-от век. Тие биле така именувани од страна на западните набљудувачи и историчари поради нивната сличност на полу-митските Амазонки на античка Анадолија и Црното Море.

Настанок[уреди | уреди извор]

Дахомски Амазонки околу 1890 година

Кралот Уегбаџа (владеел од 1645 до 1685), третиот крал на Дахомија, се смета дека првично ја започнал групата која ќе станат Амазонки како кор на ловци на слонови наречен гбето.[1](p20)

Синот на кралот Уегбаџа, Агаџа (владеел од 1708 до 1732), воспоставил женски телохранители вооружени со мускети. Европските трговци го протоколирале нивното присуство. Според традицијата, Агаџа ги развил телохранителите во милицијата и успешно ги користил во поразот на соседното царство Сави во 1727.[2] Групата женски воини биле нарекувани Мино, што значи "Нашите Мајки" во Фонскиот јазик, од страна на машката армијата на Дахомија.[1](p44)

Од времето на кралот Гезо (владеел од 1818 до 1858), Дахомија стана повеќе милитаристичка. Гезо ставил голема важност на војската, зголемувјќи го буџетот и формализирајќи ја нејзината структура од церемонијална во сериозна војска.[2]

Регрутација[уреди | уреди извор]

Сех-Донг-Хонг-Бех, лидер на Амазонките

Гезо регрутирал и мажи и жени војници од странски затвореници, но исто така биле регрутирани и слободните Дахомски жени, некои запишани како многу млади.[2] Други докази покажуваат дека Мино биле регрутирани од редовите на "ахоси" ("сопругите на кралот") коишто често ги имало и стотици.[1](p38) Некои жени во Фонското општество станале војници доброволно, додека другите биле недоброволно запишани од нивните сопрузи или татковци кои се пожалиле на кралот за нивното однесување.

За членството во Мино биле важни агресивни карактерни црти за целите на војната. За време на нивното членство не им било дозволено да имаат деца или да бидат дел од брачниот живот (иако тие биле законски во брак со кралот). Многу од нив биле девици. Полкот имал полу-свет статус, кој бил испреплетен со Фонското верување во Водун. Мино биле обучени со интензивна физичка вежба. Дисциплината била нагласена. Служејќи во Миното им понуди на жените можност да се "искачат на позициите на команда и влијание" во средина структурирана за индивидуална еманципација.[2]

Борба и структура[уреди | уреди извор]

Жените-војници биле строго обучени, им биле давани униформи, и биле опремени со Дански пиштоли (добиени преку трговијата со робови). До средината на 19-от век, тие нумерирале меѓу 1000 и 6000 жени, околу една третина од целата Дахомска армија, според извештаите напишани од страна на посетителите. Извештаите исто така, истакнале дека жените војници претрпеле неколку порази, но дека тие биле постојано проценувани како посупериорни во однос на машките војници во ефективноста и храброста.[2]

За жените-војници се тврди дека биле структурирани во паралела со војската како целина, со централно крило (телохранителите на кралот) флангите од двете страни, секоја под посебни команданти. Некои докази тврдат дека секој машки војник имал Миноска партнерка.[2]

Во вториот период, Мино биле вооружени со Винчестер пушки и ножеви. Единиците биле под женска команда. Заробениците, кои паднаа во рацете на Мино често биле обезглавени.

Конфликт со Франција[уреди | уреди извор]

Европското вмешување во Западна Африка се засили во текот на втората половина на 19-от век, а во 1890 кралот Беханзин почнал борба против француските сили во текот на Првата Француско-Дахомејска војна. Според Холмс, многу од француските војници кои се бореле во Дахомија се двоумеле пред да пукаат во Мино. Како резултат доцнењето доведе до многу француски жртви.

На крајот на краиштата, биле послаби од Легијата на странците, кои биле вооружени со супериорно оружје, вклучувајќи и митралези, заедно со коњаници и морска пешадија, французите нанесиле жртви кои биле десет пати полоши на Дахомската страна. По неколку битки, французите победиле. Легионерите подоцна пишувале за "неверојатната храброст и смелост" на Амазонките. Последната преживеана Амазонка на Дахомија се смета дека е жена по име Науи која починала во 1979 година.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Alpern, Stanley B. (1999). Amazons of Black Sparta: The Women Warriors of Dahomey. New York: New York University Press. ISBN 0-8147-0678-9. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Law, Robin. The 'Amazons' of Dahomey. „Paideuma“ том  39: 245–260. http://www.jstor.org/stable/40341664. посет. 27 април 2013 г. 
  3. „Dahomey’s Women Warriors | Past Imperfect“. Blogs.smithsonianmag.com. конс. 2013-01-12.