Титаномахија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Падот на Титаните, дело на Корнелис ван Харлем; 1596-1598

Титаномахија — војна во старогрчката митологија која десет години се водела помеѓу Титаните и дванаесетте олимписки богови. Војната се случила кога Титаните на чело со Крон ги нападнале олимписките богови. Таа била започната за да се одлучи која генерација на богови би имала доминација над универзумот, Титаните—постарата, или Олимпијците—помлада генерација на богови; завршила со победа на олимписките богови. Случувањето може да се сретне како Војна на Титаните, Битка на Титаните, Битка на боговите или Титанска војна.

Предлошка:Старогрчка митологија-никулец