Океан (бог)
Океан | |
---|---|
Споменик на Океан во фонтаната Треви, Рим | |
Бог на морињата | |
Живеалиште | Аркадија |
Сопружник | Тетида |
Родители | Уран и Геја |
Браќа/сестри |
|
Деца | Тетида, Метида, Амфитрита, Диона, Плејона, Неда, Нефела, Амфиро, и другите Океаниди, Инах, Амнисо и други речни богови |
Римски пандан | Океан |
Океан (грчки: Ωκεανός латински: Oceanus)[1] — син на богот на небото Уран и мајката на земјата Геја. Тој е најстариот титан.
Митологија
[уреди | уреди извор]Океан е бог на бесконечните и бескрајните длабоки водни површини што ја опкружуваат земјата.[2] Во бурните настани во „светот на митовите“, Океан се вмешал само еднаш, но доста успешно. Му помогнал на Зевс во победата против титанот Крон и да се проглси себе за врховен бог. За време на владеењето на Зевс, Океан мирно и спокојно, далеку од светот, живеел и немал обврски да присуствува во советот на боговите, а уживал почит од сите останати богови.
Со својата жена Тетија имал небројно потомство.
Некои митолози веруваат дека Океан владеел со сите морски води, вклучувајќи ги и Средоземното Море и Атлантскиот Океан, најголемите две водни површини кои ги познавале Хелените. Со текот на времето, со развивањето на географијата, Океан останал владетел на помал број на води во Атлантскиот Океан, а Посејдон, од помладата генерација на богови, владеел со Средоземјето.
Океан се разликувал од Понт, бог на морската длабочина и „внатрешноста на морето“ кои биле достапни за луѓето. Океан како бог на „површинското море“, за луѓето на кои не им било достапно морето, бил втор најпочитуван бог по Зевс.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus project
- ↑ See Livio Catullo Stecchini, "Ancient Cosmology" (Internet Archive).
|