Криј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Криј
Член на Титаните
Бог на соѕвездијата
ЖивеалиштеТартар
БиткиТитаномахија
СопружникЕврибија
РодителиУран и Геја
Браќа/сестри
ДецаАстреј, Палас, Персис


Во старогрчката митологија, Криј (старогрчки: Κρεῖος [1]/Κριός Kríos или Kreios) или на латински Crius е Титан, син на Уран (Небо) и Геја (Земја).

Теми во Грчка митологија
Богови
Херои
Поврзано

Мит[уреди | уреди извор]

Криј е Титан, син на Уран (Небо) и на Геја (Земјата). Според Хесиод, тој бил женет со неговата полусестра Еврибија, ќерка на Геја и на Понт (Морето), од која ги добил децата Астреј, Палас и Персис. Павзаниј го наведува и Питон како негов син.

Во тек на Титаномахијата, по десетгодишна војна[2], Криј бил затворен во Тартар од страна на Зевс, кога Титаните изгубиле против олимписките богови помогнати од Киклопите и Хекатонхирите советувани од Геја.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Иако "криос" бил старогрчки збор за "овен"[3], хтоничната положба на Титанот во подземниот свет не го поврзува со соѕвездието Овен (Ариес), во зодијакот. Соѕвездието Овен е првото видливо соѕвездие на небото во пролетната сезона, означувајќи го почетокот на новата година во старогрчкиот календар.

Поколение[уреди | уреди извор]

Заедно со Еврибија, ќерката на Земјата (Геја) и Море (Понт), ги добил децата Астреј и Палас, како и Персис. Спојот на Астреј со Еос (Зората), довеле до Еосфор, другите ѕвезди и ветровите.

Во уметностите[уреди | уреди извор]

Криј е главен лик во италијанскиот комичен филм Титани на Дучо Тесари во 1962, кој користи божества и јунаци од митологијата но измислува оригинална интрига. Криј, кој го глуми Џулијано Гема, е претставен како најслабиот но најпаметниот од сите Титани. [3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Etymology uncertain: traditionally considered a variation of κρῑός "ram"; the word κρεῖος was also extant in Ancient Greek but only in the sense of "type of mussel" [1][2].
  2. About.com's Ancient/Classical History section; Hesiod, Theogony 617-643: "So they, with bitter wrath, were fighting continually with one another at that time for ten full years, and the hard strife had no close or end for either side..."
  3. (Dumont 2009).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Старогрчки извори[уреди | уреди извор]

  • Аполодор, Библиотека (I, 2-3 ; I, 8).
  • Диодор Сицилиски, Историска библиотека (V, 66, 1).
  • Хесиод, Теогонија (v. 132-133, 207 et 375).
  • Хомерови химни  (IV за Хермес v. 100).
  • Павзаниј, Опис на Грција (X, 6, 5).