Пандорина кутија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пандора ја отвора кутијата што ѝ ја дал Зевс и сите зла излегуваат надвор

Пандорина кутија е артефакт во грчката митологија, изваден од митот за создавањето на Пандора, кое се споменува близу 60-тиот стих од поемата Дела и Денови на Хесиод. „Кутијата“ е всушност голем ќуп (грчки: πιθος, pithos) што ѝ бил даден на Пандора (грчки: Πανδώρα) („сè-надарена“), и кој ги содржел сите зла на светот. Кога Пандора го отворила ќупот, целата содржина од него била ослободена. Само надежта останала заробена внатре.[1]

Денес, отворањето на Пандорината кутија подразбира правење зло што не може да се поништи.

Митот[уреди | уреди извор]

Во класичната грчка митологија, Пандора била првата жена на планетата земја. Зевс му наредил на Хефест, богот на уметноста, да ја создаде првата жена, по што тој ја направил од вода и земја. Боговите и дале многу таленти: Афродита ѝ подарила убавина, Аполон - талент за музика, а Хермес моќ на разубедување. Нејзиното име, Пандора, значи „сè-надарена“.

Кога Прометеј го украл огнот од рајот, Зевс, сакајќи да му се одмазди, му ја претставил Пандора на Епиметеј, братот на Прометеј. Со неа, Пандора носела ќуп што ѝ бил забранет да го отвори. Поттикната од својата природна љубопитност, Пандора ја отворила кутијата-ќуп и сите зла содржани во ќупот одлетале и се прошириле насекаде. Таа побрзала да го затвори капакот, но злата веќе успеале да побегнат од ќупот. Само едно нешто останало внатре - надежта. Пандора била длабоко натажена поради стореното и уплашена дека ќе мора да се соочи со гневниот Зевс поради неисполнувањето на должноста. Сепак, Зевс не ја казнил.

Еден ден, Пандора слушнала глас од внатрешноста на ќупот, како ја повикува. Гласот ја проколнувал повторно да го отвори ќупот. Така и биднало: Пандора го отворила ќупот по втор пат, и ја поправила својата претходна грешка со тоа што му го дала на човештвото најголемиот од сите дарови: Надежта.

Етимологија на зборот „кутија“[уреди | уреди извор]

Првобитниот грчки збор за Пандорината кутија бил зборот pithos, што значи голем и длабок ќуп, понекогаш голем како еден мал човек (се вели дека Диоген некогаш преспал во него). Бил употребуван како склад за чување вино, масло, сено и други залихи, додека ритуално претставувал сад за чување на пепел на некоја личност по нејзината смрт. Во случајот на Пандора, овој ќуп најверојатно бил направен од глина со намена за складирање на разни работи, или пак бил направен од бронзен метал како непробоен затвор.[2]

Погрешното толкување на зборот pithos се врзува за хуманистот од XVI век, Еразмо Ротердамски, кој ја превел Хесиодовата приказна за Пандора на латински. Еразмо го превел pithos како pyxis, што значи „кутија“. Оттогаш останал изразот „Пандорина кутија“. Ова погрешно толкување понатаму било продолжено на сликата на Данте Габриел Росети, Пандора.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Although in Hesiod's "Works and Days", these actual evils are not specified by name, except for Hope. Cf. lines 80 and on
  2. Cf. Jenifer Neils, in The Girl in the Pithos: Hesiod’s Elpis, in "Periklean Athens and its Legacy. Problems and Perspectives", p.41 especially."Many scholars wish to see a close analogy between Pandora herself, made from clay, and the clay pithos which dispenses evils, and they have even identified the girl in the jar as Pandora. They ignore, however, Hesiod's description of Pandora's pithos as arrektoisi or unbreakable. This adjective, which is usually applied to objects of metal, such as gold fetters and hobbles in Homer (Il. 13.37, 15.20), would strongly imply that the jar is made of metal rather than earthenware, which is obviously capable of being broken.
  3. Pandora by Dante Gabriel Rossetti.