Ахерон
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Ахерон (грчки јазик: Αχέρων) е река лоцирана во областа Епир во северозападна Грција. Изворот е блиску до селото Селои, во југозападниот дел од Јанина. Се влева во Јонското Море блиску до Парга.
Митологија[уреди | уреди извор]
Ахерон е „река на болката“ во подземниот свет Ад преку која Харон во својот чамец ги превезувал душите на умрените.ref>Homer, The Odyssey x. 513</ref>[1]
Ахерон бил исто така бог во грчката митологија, кој ја чувал реката Ахерон, река во подземниот свет Ад. Неговата доилка била аветот Мормолика.
За Ахерон[уреди | уреди извор]
- Платон во своето дело Федон ја опишал Ахерон као втора најголема рекау на свиетот. По Платон најголема река е Океан. Тој тврдел дека реката Ахерон течела под земја и пустина, и тоа во спротивен смер од Океан.
- Данте во Божествената комедија во делот за Пеколот, опишува дека Ахерон е река која е на граница помеѓу пеколот и предпеколот.
- Во шестата книга на Енеида, Вергилиј ја споменува реката Ахерон, заедно со описите на сите останати реки.
Поимот Ахерон често се користел како синоним за подземниот свет Ад.