Лете

Координати: 40°42′54″N 22°57′39″E / 40.7151° СГШ; 22.9608° ИГД / 40.7151; 22.9608
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лете
Λήτη
Карта
МестоАјватово, Солунско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°42′54″N 22°57′39″E / 40.7151° СГШ; 22.9608° ИГД / 40.7151; 22.9608
Видград
Историја
Раздобјеантика

Летедревномакедонски град во областа Мигдонија, денес во Солунско, Егејска Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Дервентскиот кратер во Археолошкиот музеј во Солун, 350 – 320 г. п.н.е.

Градот се наоѓал во преминот Дервент меѓу Лагадинското и Солунското Поле, низ кој денес минува магистралата „Егнатија“. Малку посеверно е македонското село Ајватово, кое во 1926 г. е преименувано во Лити согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.[1] Непосредно до наоѓалиштето новото село Антуполи (Антокипи) создадено од доселени Грци.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот е познат од монети и натписи, и споменат како Λήτη или Λητή е од Птоломеј (III, xiii), Плиниј Помладиот (IV, x, 17), Валериј Харпократион, Стефан Византиски во антиката, како и византиската енциклопедија „Суда“ и Никифор Вриениј (IV, xix) во средновековието.[2]

Лете се појавува во некои доцни Епархиски списоци (Notitiae Episcopatuum) како викаријат на солунската католичка архиепископија. До XVIII век бил седиште на православна епископија,[2] а во Римокатоличката црква е титуларна епархија.[3]

Ископувања[уреди | уреди извор]

Мошне забележителна ископина од стариот град е некрополата, сместена крај магистралата „Егнаитја“, во која се најдени познатиот Дервентски папирус и Дервентскиот кратер. Ископани се Гробницата на Макриди-бег (Лагадинска гробница), Гробницата Г, Гробницата III, Карпестата коморна гробница, како и низа гробови од типот циста.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Herbermann, Charles, ed (1913). Lete. in: Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  3. „Lete (Titular See) Letaeus“. Catholic Hierarchy. Посетено на 28 февруари 2016.
  4. „Οι τάφοι“. Μακεδονικός τάφος Μακρίδη Μπέη. Архивирано од изворникот на 2019-01-25. Посетено на 7 март 2019.