Кадмо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кадмо се бори со змеј. Слика на сад, се чува во музејот Лувр.

Кадмо бил син на Агенор, синот на Либија и Посејдон и Телефаса која ја нарекувале и Агриопа. Тој бил брат на Европа, и имал уште четри браќа Фојникс, Килик, Таса и Финиј.

Потрага по сестрата Европа[уреди | уреди извор]

Кадмо со своите браќа тргнал да ја пронајде сестра си Европа која Зевс ја грабнал и умешно сокрил од очите на смртните. Браќата се разделиле тргнувајќи на различни страни. Кадмо пловел со брата си Телефас кон островот Род. Тој ја почитувал Атена и ѝ подигал храмови. По смртта на брат си Телефас, Кадмо заминал во пророчиштето во Делфи, каде што Питија го посоветувала да ја напушти потрагата и да тргне по кравата и да согради град на местото каде што таа ќе падне изнемоштена.

Исполнување на пророштвото[уреди | уреди извор]

Кога кравата паднала изнемоштена тој од другарите побарал да ја жртвуваат на Атена. Ги пратил другарите на извор со света вода, но таму била огромна змија што повеќето од нив ги убила, но тој ја убил неа. Откако принел жртва, пред него се појавила самата божица која го посоветова забите од змијата да ги закопа во земјата, а од нив излегле „посеани луѓе“. Но поради убиството на змијата Кадмо морал да одслужи осум години кај Ареј, по што му Атена обезбеди владеење со Бојота. Со помош на своите „посејани луѓе“ тој соградил тебански Акропол кој по него добил име Кадмеја. Кадмо се оженил со Хармонија, ќерката на Афродита и Ареј.

Кадмо бил прв смртник на чија свадба биле присутни олимписките божества, а млада била дарувана со божествените подароци. Владееле мирно, но Кадмо му го препуштил владеењето на својот син Пентеј, кого го убила мајка му. Поради тоа Дионис им прорекол дека ќе владеат со варварски племиња, кои ќе опустошат многу хеленски градови. Но поради тоа не биле казнети бидејќи Ареј ги претворил во црни змии со сини дамки и ги испратил на Островот на Блажените. Телата им биле погребани во Илирија каде што Кадмо го имал основано градот Буто. Нивниот наследник бил синот Илирие кој тие го добиле во доцни години.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 171 - 176.