Протеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Протеј

Протеј е морското божество кое веројатно ѝ припаѓа на постарата генерација богови и се именува како помошник на Посејдон, та дури и негов син исто како и Нереј. Тој е морски старец кој може да ја предвиди иднината, но го менува својот облик за да избегне некому да му ја открие судбината, а им одговарал само на оној што ќе успеел да го фати. Очигледно е колку се блиски описите на Нереј, Протеј и Тритон и затоа доаѓа до мешање на овие божества и нивната природа во митовите.