Емпедокле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Емпедокле
'
Empedocles in Thomas Stanley History of Philosophy.jpg
Емпедокле, гравура од XVII век
Роден(а) 490 п.н.е.
Агриџенто, Сицилија
Починал(а) 430 п.н.е. (на околу 60 години)
Етна, Сицилија
Период Претсократова филозофија
Подрачје Западна филозофија
Школа Плиралистичка школа
Претежна дејност
Космогенеза и Онтологија
Значајни идеи
Материјата е составена од четири елементи: вода, земја, воздух и оган
Космичките принципи на Филотас („Љубов„) и Никеа („Караница“)[1]

Емпедокле (490-430 година п.н.е.) бил старогрчки филозоф, научник, физиолог и верски учител. Бил жител на градот Агригент, грчки град на Сицилија, носел златен, лавров венец и бронзени сандали. Бил проучен исцелител и извонреден говорник; Аристотел го опишал „како татко на говорништвото“. Емпедокле бил најпознат по убедувањето дека сите материи се состојат од четири елементи - огнот, воздухот, земјата и водата, кои ги спојуваат и ги раздвојуваат персонификуваните косимчки сили на љубовта и раздорот. Верувал во реинкарнацијата и тврдел дека е божествено битие. Според преданието, умрел фрлајќи се во пламенот на Етна, додека се обидувал да докаже дека ќе се врати како бог.

Извор[уреди | уреди извор]

  • Дејвис, Адам Харт, уред (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8.  (библ.)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Frank Reynolds, David Tracy (eds.), Myth and Philosophy, SUNY Press, 1990, p. 99.