Џејн Елен Харисон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џејн Елен Харисон
Роден(а)9 септември 1850(1850-09-09)
Котингам, Јоркшир, Англија
Починал(а)15 април 1928(1928-04-15) (воз. 77 г.)
Блумсбури, Англија
НационалностБританка
ЗанимањеЛингвист, класичен научник, феминистка
Познат(а) поЕдна од основачите на модерните студии во грчката митологија

Џејн Елен Харисон (9 септември 1850 - 15 април 1928) била британски класичен научник, лингвист и феминистка. Харисон е една од основачите на современите студии на грчката митологија. Таа ги аплицирала археолошките откритија од 19 век на толкувањето на старогрчката религија на начини кои станале стандард. Современиот класичен научник Мери Бирд, биографот на Харисон, неа ја опиша како "прв женски професионален кариерен академичар.[1]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Харисон била родена во Котингам, Јоркшир на 9 септември 1850 година. Нејзината мајка починала кратко време откако таа се роди и таа била образована од гувернерки. Од овие гувернерки Харисон научила германски, латински, старогрчки и хебрејски, но таа подоцна ги прошири своите знаења со тоа што научила околу 16 јазици, меѓу кои и рускиот јазик. Харисон го поминала поголемиот дел од својот професионален живот во Њунхам, прогресивниот, неодамна формиран колеџ за жени во Кембриџ. Во Њунхам, еден од нејзините ученици беше Евгенија Селерс, писателка и поет, со кого живеела во Англија, а подоцна и во Париз, а можеби и била во врска со неа во доцните 1880-ти. Помеѓу 1880 и 1897 Харисон студирала грчка уметност и археологија во Британскиот музеј под Сер Чарлс Њутн. Нејзините предавања станале широко популарни и 1600 луѓе присуствувале на нејзиното предавање во Глазгов за атинските надгробни споменици. Таа отпатувала во Италија и Германија, каде што се состана со научник од Прага, Вилхелм Клајн. Клајн ја запозна со Вилхелм Дјорпфелд, кој ја покани да учествува на неговите археолошки патувања во Грција. Нејзината рана книга Одисејата во Уметноста и Литературата тогаш се појави во 1882 година. Кога Харисон доживеа тешка депресија почнала да учи за попримитивните области на грчката уметност, во обид да се излечи. Во 1888 Харисон почна да објавува во периодиката која Оскар Вајлд ја уредувал наречена Woman's World на тема "Сликите од Сафо." Харисон, исто така преведила и обезбедила лични коментари на повеќе значајни дела поради што и биле доделени почесни дипломи од универзитетите во Дурам (1897) и Абердин (1895). Харисон се повлече од Њунхам во 1922 година, а потоа се преселила во Париз. Таа се врати во Лондон во 1925 година, каде што беше во можност да ги објавуви своите мемоари преку печатарницата на Леонард и Вирџинија Вулф, Хогартниот прес. Таа почина три години подоцна.[2] Харисон била атеистка.[3][4][5]

Културна еволуција (или социјален Дарвинизам)[уреди | уреди извор]

Харисон алудираше и коментираше на културните апликации на работа на Чарлс Дарвин. По социјално дарвинистичка анализа на потеклото на религијата, Харисон тврди дека религиозноста е анти-интелектуална и догматска, но сепак застана во одбрана на културната потреба на религијата и мистицизмот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mary Beard "Living with Jane Harrison", A Don's Life blog, The Times website, 22 May 2009.
  2. "Jane Harrison - Dictionary of Art Historians." Jane Harrison - Dictionary of Art Historians. N.p., n.d. Web. 8 May 2013.
  3. Rita R. Wright (2009). Jane Ellen Harrison's "Handmaiden No More": Victorian Ritualism and the Fine Arts. ProQuest. стр. 22–. ISBN 978-1-109-15132-9. http://books.google.com/books?id=yhlDtF2WbGsC&pg=PA22. посет. 16 јуни 2013 г. 
  4. „The Serpent Worshippers“. Solvinglight.com. конс. 2013-12-05. 
  5. Gerald Stanton Smith (2000). D.S. Mirsky: A Russian-English Life, 1890-1939. Oxford University Press. стр. 105–. ISBN 978-0-19-816006-9. http://books.google.com/books?id=vMEt3gVZzZ8C&pg=PA105. посет. 16 јуни 2013 г.