Минос

Од Википедија — слободната енциклопедија

Минос е лик од старограчката митологија, крал на Крит, син на Зевс и Европа.

Животопис[уреди | уреди извор]

Гистав Доре, Кралот Минос (илустрација за „Пеколот“ на Данте Алигиери).

Минос бил мудар и строг крал на Крит. Секои девет години, во една пештера крај Ида, Зевс му давал совети како да владее.[1]

Минос како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Во шестото пеење на „Енеидата“, Вергилиј го сместил во пеколот, како еден од тројцата судии кои ги распоредуваат грешниците во одделните делови на пеколот, додека Данте во „Пеколот“ го опишал како демон кој стои на влезот во вистинскиот пекол.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 121.
  2. Dante Aligijeri, Pakao. Beograd: Rad, 1961, стр. 32.