Ад

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хад)
Прејди на: содржини, барај
Богот Ад.

Ад (старогрчки: ᾍδης) — Во старогрчката митологија бил сина на титаните Хрон и Реја, еден од четирите браќа кои владееле со светот. Тој бил бог на подземјето, „темното царство“.[1]

Поделба на власта[уреди | уреди извор]

По падот на Титаните, заедно со браќата Зевс и Посејдон го сочинувал тројството на најголеми грчки богови. Кога го одзеле тронот на таткото Крон, ја поделиле власта. На Зевс му припаднала власта над небото и земјата. Посејдон ја добил власта над морето, а Ад станал владетел на подземниот свет.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Неговата сила и власт се споредува со силата на Зевс на горниот свет. Тој бил Зевс на подземјето, неговата сила, суровост и неумоливост се огледувале во тоа што неговите поклоници никогаш не гледале во негоовиот лик кога принесувале жртви. Неговата сопруга била Персефона.

Негов еквивалент во римската митологија е богот Плутон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 225 - 226.