Грчко-римски мистерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хидрија од Варезиски вазописец (околу 340 п.н.е) со приказ на елефскински сцени

Мистериските религии, светите тајни или едноставно мистериите, биле верски школи во грчко-римскиот свет чие учество било резервирано само за иницираните (мисти).[1] Главната карактеристика на оваа религија била тајноста поврзана со иницирањето и ритуалната практика, која не смеела да биле откриена на останатите кои не биле воведени во мистеријата. Повеќето познати мистерии на грчко-римската антика биле елефсинските мистерии, кои биле многу древни и датирале уште пред Мрачниот век. Мистичните школи имале свој процут во доцната антика. Јулијан Отстапник во средината на 4 век бил инициран во три различни мистични школи — особено митраистичката. Поради тајната природа на школата, и затоа што тајните религии на доцната антика биле прогонувани од страна на христијанската Римско царство од 4 век[2], деталите од овие религиозни практики биле добиени од описи, слики и интеркултурни студии.

Јустин Маченик во 2-иот век,во делото Прво извинување експлицитно наведува и ги идентификува како "демонски имитации" на вистинската вера велејќи дека "ѓаволи, во имитација на тоа што го кажал Мојсеј, тврдат дека Персефона е ќерка на Јупитер, и поттикнуваат луѓе да стават нејзина слика под името Коре"[3]. Според мислењето на Клаук и Мекнил, "христијанската доктрина на светите тајни, во формата која ние ја знаеме, не би се јавила без интеракција со мистичните школи, а христологијата сфатила како да „го преземе" митско наследство, да го прочисти и да го подигне".[4]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Терминот "мистерија" потекнува од латинскиот збор mysterium (на грчки mysterion и најчесто како множина mysteria/μυστήρια) и во овој контекст значи "таен ритуал или доктрина". Тие кои следеле таква "мистерија", бил мисти,односно, "воведени во тајната". Освен мистерија,терминологијата блиска за опис на овие учења е составена од поимите мајен, миеза или иницијација. Зборот мајен (myein)[5] е старогрчки глагол кој означува затворање на очите и устата[6] бидејќи само на иницираните им било дозволено да ги почитуваат и да учествуваат во обредите. Мистериите така биле школи во кои сите верски функции биле затворени за неиницираните а  внатрешното работење на училиштето се чувало во тајност од јавноста.

Плоча со елементи на елефсински мистерии. Национален археолошки музеј, Атина

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Мистичните религии формирале еден од трите вида хеленистичка религија, каде другите две се култот на владетелот, односно етничката религија специфична за една нација или држава, и филозофските религии како неоплатонизмот.

Ова, исто така, се одразува и во тројната поделба на "теологијата" од страна на Варо, на:

  1. Политичка теологија (за државната религија и нејзините стабилизирачки ефекти врз општеството),
  2. Природна теологија, (филозофски шпекулации за природата на бог) и
  3. Мистична теологија (во врска со митот и ритуалот).

Мистериите така повеќе се додаток отколку натпревар на политичката религија. Едно лице може да следи обреди на државната религија, да биде воведен во една или повеќе мистерии и во исто време да се придржува до одредена филозофска школа.[7] За разлика од јавните ритуали на граѓанската религија, каде се очекувало да учествува секој член на општеството, воведувањето во мистеријата било факултативно во грчко-римскиот политеизам. Многу од аспектите на јавната религија како жртвувањето, ритуалните гозби и обредното прочистување биле повторени во мистеријата, но со дополнителен услов да се одвиваат во тајност и да се ограничени на затворен круг припадници[4].

Тајните школи биле катче за зачувување на античките верски обреди и со причина се претпоставува дека биле многу конзервативни. Елефсинските мистерии опстојувале повеќе од еден милениум, можеби и два, во текот на кој период ритуалот на јавната религија значително се променил, додека обредните изведби на мистериите останале непроменети. Ернест Вилијам Барнс пишува, "Мистериите на Елефсина во близина на Атина, траеле илјада години; и се верува дека многу малку биле променети во текот на овој долг период".[2]

Заради оваа причина, тоа што останало од постарите грчки мистерии се сфаќа како одраз на одредени архаични аспекти на заедничката индоевропска религија, во паралела со индоиранската религија. Мистичните школи на грчко-римската антика ги вклучуваат Елефсинските мистерии, Дионизиските мистерии и Орфичките мистерии. Некои од многуте божества кои Римјаните номинално ги усвоиле од други култури, исто така, биле обожавани во мистериите, на пример, египетската Изида, персиската Митра од Митраиските мистерии, трако-фригискиот Сабазиј и фригиската Кибела.[8]

Подоцнежно влијание[уреди | уреди извор]

Старите мистични школи биле предмет на воодушевување во 19-от и почетокот на 20-от век, и кај германските и француските класици. Оваа литература имала огромно влијание врз европската култура во доцниот 19-ти век. Психијатарот и психоаналитичар Карл Густав Јунг, оттука позајмил метафори и ги вметнал во неговите теории и влијателното движење базирано на нив.[9][10]

Список на мистични школи[уреди | уреди извор]

Види[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Crystal, David, уред. (1995), „Mystery Religions“, Cambridge Encyclopedia of The English Language, Cambridge: Cambridge UP .
  2. 2,0 2,1 Barnes, Ernest William (2007). The Rise of Christianity. Read Books. ISBN 1406749710. 
  3. Saint., Justin, Martyr, ([1965, ©1948]). Saint Justin Martyr : the first apology, the second apology, dialogue with Trypho, exhortation to the Greeks, discourse to the Greeks, the monarchy, or the rule of God. Washington: Catholic University of America Press. ISBN 0813211069. OCLC 647919781. https://www.worldcat.org/oclc/647919781. 
  4. 4,0 4,1 Hans-Josef., Klauck, (2003). The religious context of early Christianity : a guide to Graeco-Roman religions. Edinburgh: T & T Clark. ISBN 9780567089434. OCLC 51568121. https://www.worldcat.org/oclc/51568121. 
  5. Hamilton, Ann. „myein“ (PDF). 
  6. 1931-2015., Burkert, Walter, (1987). Ancient mystery cults. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. ISBN 0674033876. OCLC 15489190. https://www.worldcat.org/oclc/15489190. 
  7. 1957-, Johnston, Sarah Iles, (2007). Ancient religions. Cambridge, Mass.: Belknap Press of Harvard University Press. ISBN 9780674025486. OCLC 432671537. https://www.worldcat.org/oclc/432671537. 
  8. „Full text of "Manly P. Hall - The Secret Teachings of All Ages (1928).pdf (PDFy mirror)". archive.org. конс. 2018-01-21. 
  9. Noll, Richard.Mysteria: Jung and the Ancient Mysteries (unpublished page proofs, 1994)
  10. Noll, Richard. "Jung the Leontocephalus" (1999)

За понатамошно читање

  • Alvar, Jaime. Romanising Oriental Gods: Myth, Salvation, and Ethics in the Cults of Cybele, Isis, and Mithras (Leiden, 2008).
  • Aneziri, Sophia. Die Vereine der Dionysischen Techniten im Kontext der hellenistischen Gesellschaft (Stuttgart, 2003).
  • Bowden, Hugh. Mystery Cults of the Ancient World (Princeton, Princeton UP, 2010).
  • Bremmer, Jan N. Initiation into the Mysteries of the Ancient World (Berlin, 2014).
  • Burkert, Walter (1987), Ancient Mystery Cults, Cambridge, Mass.
  • Casadio, Giovanni Casadio and Johnston, Patricia A. (eds), Mystic Cults in Magna Graecia (Austin, TX, University of Texas Press, 2009).
  • Chisholm, Hugh, ed. (1911), "Mystery", Encyclopædia Britannica, Cambridge: Cambridge UP
  • Cosmopoulos, Michael B. (ed), Greek Mysteries: the archaeology and ritual of ancient Greek secret cults (London, Routledge, 2003).

Delneri, Francesca, I culti misterici stranieri nei frammenti della commedia attica antica (Bologna, Patron Editore, 2006) (Eikasmos, Studi, 13).

  • Dodds, Eric R. (1968), The Greeks and the Irrational, Berkeley: UC Press
  • Frazer, James G. (1957), The Golden Bough: A Study in Magic and Religion, London: Macmillan
  • Kirk, Geoffrey S. (1970), Myth: Its Meaning and Function in Ancient and Other Cultures, Cambridge: Cambridge UP
  • Le Guen, Brigitte. Les Associations de Technites dionysiaques à l'époque hellénistique, 2 vol. (Nancy, 2001).
  • Meyer, W. M. (1987), The Ancient Mysteries: A Sourcebook. Sacred Texts of the Mystery Religions of the Ancient Mediterranean World, San Francisco
  • Virgili, Antonio, Culti misterici ed orientali a Pompei (Roma, Gangemi, 2008).
  • Willoughby, H. R. (1929), Pagan Regeneration: Study of Mystery Initiations in the Graeco-Roman World, Chicago

Надворешни врски[уреди | уреди извор]