Ерменска митологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ерменската митологија започнува со почетоците на Урарту, постепено додавајќи ги идеите и божествата на месопотамската, иранската, и грчката митологија.[1][2] Постојат наоди кои наведуваат дека древните Ерменци ја обожавале природата и дека овој вид на верување се време се трансформирал во обожавање на националните божества, од кои повеќето водат потекло од соседните култури.

Создавање на ерменската митологија[уреди | уреди извор]

Поглед на храмот Гарни.

Пантеонот на ерменските богови се формирал во текот на формирањето на ерменските племиња, на самиот почеток од нивното постоење, кои го наследиле основните елементи од паганизмот на праиндоевропските жители од ерменското плато. Историчарите издвоиле голем број на зборови од праиндоевропските јазици што биле користени од страна на еременските пагани како свети. Првиот култ на обожавање е вид на необјаснива повисока сила или интелигенција наречена Ара, именувана по сонцето (Арев) што го обожувале древните Ерменци, кои себеси се нарекувале „деца на сонцето“. Од стари времиња, обожувањето на сонцето заземало посебно место во еременската митологија. Исто така, најчести форми на обожување кои имаат индоевропски корени, се култовите кон орелот, лавот и небото.

Со време, ерменскиот пантеон бил изменет, и се појавиле нови божества кои биле ерменски, но не и ариевски. Највисокиот бог во ерменскиот пантеон, Ванатур, подоцна бил сменет со Арамазд. Иако се појавил под влијание на зороастризмот (види Ахура Мазда), сепак делумно ги задржал традиционалните ерменски особини. Исто така, ерменската божица на плодноста, Нар, била заменета со Анаит.

За време на хеленизмот (од 3 век до 1 век п.н.е.), старите ерменски божества се поистоветувале со старогрчките божества: Арамазд со Зевс, Анаит со Артемида, Ваагн со Херкул, Астхик со Афродита, Нане со Атена, Мир со Хефест, Тир со Аполон.

По прифаќањето на христијанството во Ерменија, се пјавиле нови митолошки слики и приказни кои ги споиле древните митови и верувања. Библиските ликови ја презеле улогата на старите богови и духови. На пример, Јован Крстител ги наследил истите особини од божествата Ваагн и Тир, а архангел Габриел на Ваагн.

Основните информации за ерменската паганска традиција се зачувани во делата на Платон, Херодот, Ксенофонт и Страбон, потоа во византиската школа Прокопиј од Цезареа, како и во делата на средновековните ерменски писатели, меѓу кои се Мовсес Хоренаци, Агатангелос, Езник од Колб, Себеос и Ананиа Ширакаци, и се разбира во усната фолклорна традиција.

Пантеон[уреди | уреди извор]

Современ приказ на Ваагн убиецот на змејот.

Пантеонот на предхристијанската Ерменија се менувал низ вековите. Иако во основа бил уратристички, пантеонот се менувал под семитско, иранско и грчко влијание.

Првобитни божества[уреди | уреди извор]

  • Халди - Главниот бог на пантеонот во најраната фаза, кој е заменет со Ахура Мазда, станувајќи Арамазд. Формира тријада со своите синови Ардинис и Теишеба.[1]
  • Ардинис - Бог на Сонцето, син на Халди, со кого формираат тријада.[1]
  • Сарис - Probably a corruption of Ishtar.[1]
  • Селарди - Божица на Месечината.[1]
  • Теишеба - Бог на бурите, син на Халди, со кого формираат тријада.[1]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 "Armenia (Vannic)" by A.H. Sayce, p.793-4; "Armenia (Zoroastrian)", by M(ardiros). H. Ananikian, p.794-802; in Encyclopædia of Religion and Ethics, ed. James Hastings, vol. 1, 1908
  2. Russell, James R. (15 December 1986). "ARMENIA AND IRAN iii. Armenian Religion". Encyclopædia Iranica. конс. 3 July 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]