Портал:Таоизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди   

ТАОИЗАМ

Taijitu yellow.svg
Dao4.PNG

Таоизмот е популарна вера кај Кинезите. Се претпоставува дека негов основоположник е Лао Це. Всушност, таоизмот претставува еден вид на мистичен пантеизам. Во таоизмот сè потекнува од тао (кинескиот прав пат) и сè ќе се врати таму со текот на времето. Во таоизмот се негуваат култот кон духовите, природата и претците. Оваа философија е фантастична и нејасна, наспроти трезвеното конфучијанско учење.

уреди   

Избрана статија

Yin yang.svg

Јин и јанг е еден од основните концепти во кинеската филозофија, кој се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и философија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина. Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи чуан, кунг фу и кигонг.

Врската меѓу „јин“ и „јанг“ често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото. Прочитајте повеќе Прочитајте повеќе

уреди   

Дали знаете...

  • ...дека неоконфучијанството води потекло од таоизмот?
  • ...дека за основоположник на таоизмот се смета кинескиот цар Хуанг Ти, попознат како Жолтиот цар?
уреди   

Категории

уреди   

Избрана биографија

Lao Tzu - Project Gutenberg eText 15250.jpg

Лао-Це (кинески 老子, исто така именуван и како Лао-ци, Лао-цу итн.) е важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е. но многу модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте Школи на Мислата и Периодот на Завојувани Држави. На него му се припишува најважното таоистичко дело, „Тао Те Чинг“ ((道德經)), и тој претставува популарно божество во таоизмот (една од трите најголеми модерни религии во Кина).Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

DaoDeJingWangBi.jpg

Насловната страница на издание на „Тао Те Чинг“ од 1770.