Кунг фу
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Кунг фу е кинеска боречка вештина, која истовремено претставува и духовна и физичка дисциплина. Се практикувала од времто на династијата Зу (1111 - 225 година п.н.е.). Нејзините пропишани положби и акции се засновани на внимателно и детално набљудување на човечкиот скелет, мускулната анатомија и физиологијата, а голем број од движењата на кунгфуто претставува имитација на боречките стилови на животните. Боречките техники во кунгфуто личат на оние од каратето и теквондото. Само дисциплината е силно нагласена. Кунг фу се изведува во вид на вежби што се слични на тај чу чуанот.[1]
Кунг фу како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Кунг фу девојки“ (Kung Fu Girls) - песна на американската рок-група „Блонди“ (Blondie) од 1976 година.[2]
- „Кунг фу панда“ (Kung Fu Panda) - американски анимиран филм од 2008 година, во режија на Џон Стивенсон и Марк Озборн.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Британика Енсиклопедиски Речник (Книга 5). Топер, МПМ, Скопје, 2005, стр. 105-106.
- ↑ YouTube, Blondie Kung Fu Girls 1976 (пристапено на 8.2.2017)
- ↑ IMDb, Kung Fu Panda (2008) (пристапено на 8.2.2017)