Портал:Медицина
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Медицината е наука и пракса за одржување на здравјето и за проучување, превенција, дијагноза и третман на болести и повреди на луѓе. Традиционално е сметана и за уметност и за наука: терминот потекнува од латинските зборови ars medicina со значење уметноста на лечењето. Во пошироката смисла на зборот медицина, покрај хуманата медицина, се вклучува и ветеринарната медицина како наука и пракса за одржување на здравјето на животни.
Модерната медицина применува здравстени науки, биомедицинско истражување и медицинска технологија во своја полза со цел да се дијагностицираат и лекуваат болестите и повредите, преку лекови или хирургија, но и со многубројни постапки како психотерапија, јонизирачко зрачење, употреба на протези и други. (повеќе...)
Избрана статија
СИДА — болест која претставува последен стадиум на ХИВ вирусот кој се одликува со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори. Сидата е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“ (француски: Syndrome d'immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив за „стекнатимунодефицитарен синдром“ (англиски: Acquired Immunodeficiency Syndrome).
Постои разлика помеѓу поимите - ХИВ позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат. Хив позитивното лице е заразено од ХИВ вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.
Според податоците во програмата на Обединетите Нации (ООН) и Светската Здравствена Организација (WHO) за хив вирусот и сидата, од појавата на оваа болест, заклучно со 2008 година, во светот вкупно биле заразени околу 60 милиони луѓе, а од сида умреле околу 25 милиони луѓе. До крајот на 2008 година од ХИВ биле заразени околу 31,3 милиони возрасни и околу 2,1 милион деца. (повеќе...)
Избрана биографија
Роберт Кох (11 декември 1843 – 27 мај 1910) — германски лекар. Неговото значење за развитокот на медицината, науката и човековото знаење воопшто се состои во следното:
- изолирањето на Bacillus anthracis (1877)
- изолирање на бацилот на туберкулозата (1882)
- изолирање на Vibrio cholerae (1883)
- развојот на Коховите постулати
Роберт Кох ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговата работа за откривањето на причинителот на болеста туберкулоза во 1905. Се смета за еден од основачите на бактериологијата, која е гранка на микробиологијата. Прочитајте повеќе ...