Бактериологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Агарско чиниче со намаз од микроорганизми.

Бактериологија — гранка на биологијата која е занимава со изучување на морфологијата, екологијата, генетиката и биохемијата на бактериите и нивните особини. Како оддел на микробиологијата, оваа дисциплина работи на распознавање, класификација и опис на разните видови бактерии.[1] Нејзиниот делокруг во извесна мера се преклопува со другите микробиолошки дисциплини кои ги изучуваат другите ситни облици на живот во природата како праживотните, габите и вирусите.[2] Во минатото овие два поима се користеле истозначно,[3] иако денес бактериологијата се смета за посебна наука.

Вовед[уреди | уреди извор]

Оваа гранка ги изучува бактериите во рамките на медицината. Започнала во XIX век со испитувањето на причинителите за расипувањето на храната и виното. Препознавањето на бактериите како причинители на болести довело до развојот на патогенска бактериологија, особено со Коховите постулати кои опишуваат како извесна бактерија предизвикува извесна болест. Бактериологијата почнала значајно да напредува со воведувањето на вакцините како токсоидот на дифтеријата и тетанусовиот токсоид. Некои вакцини како онаа за тифус се покажале како помалку делотворни и склони на непосакувани дејства. Во текот на овој развој се откриени и антибиотиците.

Историја[уреди | уреди извор]

Луј Пастер во неговата лабораторија (1885) од А. Еделфелт.

Врската помеѓу микроорганизмите и болестите е воспоставена во XIX век, кога германскиот лекар Роберт Кох ги вовел микроорганизмите во медицината. Кох утврдил дека бактериите се причинител на заразни болести и дека предизвикуваат вриење (ферментација). Во Франција, научникот Луј Пастер ја осмислил вакцинацијата како начин на превентивна борба против таквите болести. Обајвата одиграле значајна улога во подобрувањето на антисепсата при лекувањето. Овие нивни напори претставувале огромен исчекор во јавното здравство и овозможиле подобар увид во човековото тело и болестите. Во периодот од 1870 до 1885 г. е поставен темелот на современите постапки во бактериологијата со употребата на соеви и методата на двоење на мешавини од организми во чиничиња со хранливи средини. Во 1880-81 г. Пастер ја спровел првата успешна вакцинација на животни, спречувајќи заболувања од бактериско потекло. Важноста на бактерискиите го поттикнало проучувањето на болестите, нивното спречување и лекување со вакцини. Подоцна бактериологијата се проширила на повеќе полиња, наоѓајќи примена во земјоделството, морската биологија, кај животната средина (загадувањето на водата), бактериолошката генетика и во биотехнологијата.[4][5][6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Wassenaar, T. M. "Bacteriology: the study of bacteria". www.mmgc.eu. Архивирано од изворникот на 24 July 2011. конс. 18 June 2011. 
  2. Ward J. MacNeal; Herbert Upham Williams (1914). Pathogenic micro-organisms; a text-book of microbiology for physicians and students of medicine. P. Blakiston's sons & co.. стр. 1–. https://books.google.com/books?id=ijQRAAAAYAAJ&pg=PA1. посет. 18 јуни 2011 г. 
  3. Jeanne Stove Poindexter (30 November 1986). Methods and special applications in bacterial ecology. Springer. стр. 87. ISBN 978-0-306-42346-8. https://books.google.com/books?id=BYGRgeBChYYC&pg=PA87. посет. 18 јуни 2011 г. 
  4. Kreuder‐Sonnen, Katharina (август 2016) History of Bacteriology. In: eLS. John Wiley & Sons Ltd, Chichester. http://www.els.net [doi: 10.1002/9780470015902.a0003073.pub2]
  5. Baron, Samuel. “Introduction to Bacteriology.” Medical Microbiology. 4th Edition., U.S. National Library of Medicine, 1 јануари 1996, www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK8120/. Retrieved 22 November 2017
  6. The Editors of Encyclopædia Britannica. “Bacteriology.” Encyclopædia Britannica, Encyclopædia Britannica, Inc., 7 септември 2010, www.britannica.com/science/bacteriology. посет. 22 ноември 2017 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]