Прејди на содржината

Портал:Анатомија

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди  

А Н А Т О М И Ј А

Анатомијата (од грчки: ana tomia — одстранување на делови-органи и ткива надвор од телото; вадење) е биолошка наука која се занимава со проучување на структурите на организмот, или поточно, градба на живиот организам.

Анатомски (или претежно анатомски) дисциплини се миологија — наука за мускулите, остеологија — наука за коските, артрологија — наука за зглобовите, спланхнологија — наука за внатрешните органи и слично. Според предметот на проучување (растение или животно), анатомијата се дели на анатомија на растенијата, анатомија на животните и анатомија на човекот.

Анатомијата е комплексна наука и се состои од макроскопска анатомија, микроскопска анатомија или хистологија и ембриологија. Прочитајте повеќе


уреди  

Избрана слика

Пуркиниеви влакна, дел од спроводниот систем на срцето


уреди  

Дали сте знаеле...



уреди  

Избрана статија

Модел на черепниот мозок кај човекот

Черепниот мозок претставува виш нервен центар и е дел од централниот нервен систем. Кај ’рбетниците е сместен во черепот. Неговиот степен на развој соодветствува на општата градба на ’рбетниците, така што черепниот мозок е најслабо развиен кај најпримитивните, а најсложено кај највисоко организираните ’рбетници — птиците и цицачите. Нервното ткиво кај черепниот мозок е претставено со два вида: сива маса (од невроцити и дендрити) и бела маса (од аксони), при што белата е распространета во централниот дел, додека сивата во периферниот дел, претставена со мозочна кора и субкортикални јадра. Черепниот мозок е составен од неколку делови, и тоа преден (голем) мозок, меѓумозок, среден мозок, заден (мал) мозок и продолжен мозок. Прочитајте повеќе


уреди  

Известување

  • Кај статиите никулци од областа на Анатомијата ставајте предлошка {{Ана-никулец}}
  • Статиите од Физиологија не ги ставајте во Анатомија, бидејќи Физиологијата го изучува функционалниот а анатомијата градбениот дел од организмите.
  • Создавајте и уредувајте статии бидејќи тоа ѝ е потребно на Анатомија од Википедија на Македонски јазик.
  • Ви благодариме…




уреди  

Работи кои може да ги направиш

NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001
NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001

Еве неколку интересни задачи :