Стомак

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стомачна празнина)
Прејди на: содржини, барај
Стомак
Anatomy Abdomen Tiesworks.jpg
Човечкиот стомак и органи кои можат се најдат под површината
300px
Податоци
Завршеток Rib cage
Vertebral column
Дејства Movement and support for the torso
Assistance with breathing
Заштита за внатрешните органи
Postural support
Назнаки
Латински Abdomen
TA A01.1.00.016
FMA FMA:9577

Абдомен (помалку формално именуван како стомак) е составен дел на телото помеѓу градниот кош и карлица, кај луѓе и во други 'рбетници. Регионот кој го зафаќа абдоменот е именуван како абдоминална празнина. Во членконогите е во задниот дел на телото; поврзан е со градниот кош или цефалоторакс.[1][2] Абдоменот се протега од градниот кош и дијафрагма до карлицата со карличен гребен. Карличниот гребен се протега од лумбосакралниот зглоб меѓупршленскиот диск помеѓу L5 и S1) до пубична симфиза и e на работ од карличниот влез. Просторот над овој влез и под дијафрагмата е именуван како абдоминална празнина. Границата на абдоминалната празнина е абдоминалниот ѕид напред и перитонеалната површина околу.

Структура[уреди | уреди извор]

Соджина[уреди | уреди извор]

The relations of the viscera and large vessels of the abdomen, seen from behind.

Абдоменот содржи повеќе цевчески органи на дигестивниот тракт, како и неколку органи. Во абдоминалните органи се вклучени стомакот, тенкото црево, and the дебелото црево со неговиот поврзан апендикс. Органите како што е црн дроб, поврзаната на него жолчно ќесе, и панкреас функционираат во блиска врска со дигестивниот тракт и комуницираат со него преку канали. Слезината, бубрезите, и адренална жлезда исто лежат во абдоменот, заедно со некои крвни садови како аорта и долната шуплива вена. Анатомичарите можат да ги сметаат мочно ќесе, матка, јајцеводите, and овариумите како и абдоминални и карлични органи. Абдоменот содржи заштитна мембрана (обвивка) именувана како перитонеум. Диплата на перитонеум може комплетно да покрива одделни органи, но моеже и да покрива само една страна на органите која вообичаено лежи поблиску до абдоминалниот ѕид. Анатомичарите го нарекуваат вториот тип на органи ретроперитонеални.

Абдоминалните органи можат да бидат високо специјализирани во некои животни. На пример, желудникот на преживарите ( подвид на цицачи) е поделен на четири комори - румен, ретикулум, омасум и абдомасум.[3] Во 'рбетниците, абдоменот е голема празнина затворена со абдоминалните мускули, напред и надворешно, и со 'рбетниот столб позади. Долните ребра можат исто так да ги затворат предните и надворешните ѕидови. Абдоминалната празнина е горен дел од карличната празнина. Таа е поврзана со градна празнина преку дијафрагма. Структури како аорта, нагорна шуплива вена и езофагус минуваат низ дијафрагмата. И абдоминалната и карличната празнина се обвиткани со серозна мембрана позната како париетален перитонеум. Оваа мембрана продолжува со висцерален перитонеум кој ги обвиткува органите.[4] Абдоменот во 'рбетниците содржи неколку органи кои припаѓаат на дигестивниот тракт и уринарниот систем.

Мускули[уреди | уреди извор]

(left) Henry Gray (1825–1861). Anatomy of the Human Body.
(Right) A modern example of a human male abdomen above

Има три слоја на абдоминален ѕид. Тие се, од надвор кон внатре: надворешен кон, внатрешен кос, and напречен абдоминален.[5] Првите три слоја се протегаат помеѓу 'рбетниот столб, долните ребра, илијачниот гребен и пубична коска на колк. Сите нивни влакна се спојуваат на средишната линија и го опкружуваат мускулот ректус абдоминис во дипла пред да се поврзат на спротивната страна кај линеа алба. Силата е добиена од накрсно-поврзување на влакната, така што на надворешниот кос се надолно и нанапред, на внатрешниот кос нагоре и нанапред, и на трансверзалниот абдоминален хоризонтално напред..[5]

Трансвензален абдоминал мускул е мазен и триаголен, со влакна насочени хоризонтално. Лежи помеѓу ватрешно косиот мускул и под него трансверзалната фасција. Таа доаѓа од Лигаментот Попарти, внатрешната усна на илиум , лумбарна фасција и внатрешната површина на 'рскавиците од шесте долни ребра. Се вклучува во линеа алба позади ректус абдоминис.

Ректус абдоминисе долг и прав. Мускулот е вкрстен со три фиброзни врски тетивни пресеци. Ректус абдоминис е затворен со тенка дипла формирана, како што е опишано погоре, со влакна од секој од трите мускули од латералниот абдоминален ѕид. Тие започнуваат од пубична коска, долж абдоменот на двете страни од линеа алба, и се вклучуваат во 'рскавиците на пето, шесто и седмо ребро. Како регион на слаба точка, ингуинален канал, e премин помеѓу слоевите. Овој отвор е место каде што тестисите можат да се спуштат низ ѕидот и каде што фиброзната врвка матката кај женски поминува. Исто така при слабост тука може да се формира ингуинална кила.[5]

Пирамидниот мускул е малечок и триаголен. Лоциран е во долниот абдомен напред од ректус абдоминис. Започнува од пубичната коска и се вклучува во линеа алба на пола пат од папок.

Функција[уреди | уреди извор]

Abdominal organs anatomy.

Функционално, човечкиот абдомен е место каде најголемиот дел од абдоминалниот тракт е поставен и има највеќе апсорпција и дигестија на храна тука. Алиментарниот тракт во абдомен се состои од долен дел на езофагус, желудник, дуоденум,јејунум, илеум,цекум и апендикс, искачувачки колон, напречен колон и десцендентен колон, сигмоиден колон и ректум. Други важи органи во абдомен се и желудник, the бубрези, панкреас и слезина.

Абдоминалниот ѕид е поделен на заден, надворешен и преден ѕид.


Болести[уреди | уреди извор]

Многу гастроинтестинални болести ги зафаќаат абдоминалните органи. Тука сe вклучени болест на желудникот, болест на црн дроб, [[болест на панкреас] и болести на жолчно ќесе и жолчен канал ; Во болести на цревата спаѓаат ентерит цревна болест дивертикулис и синдром на Бовел.

Испитување[уреди | уреди извор]

Различни медицински процедури можат да бидат користени за да се испитаат органите на гастроинтестиналниот тракт. Тука се вклучува ендоскопија, колоноскопија, сигмодоскопија, ентероскопија, езофагогастродуоденоскопија и виртуелна колоноскопија. Има исто така медицински слики техники кои можат да се користат. Проекционските точки на органите се битни во испитувањата на абдомен.


Региони[уреди | уреди извор]

9-региони шема[уреди | уреди извор]
Surface lines of the front of the thorax and abdomen.

Овие три хоризонтални и две вертикални линии го делат абдоменот во девет "региони."

десен хипохондриум епигастриум лев хипохондриум
десен лумбарен предел умбиликален предел лев лумбарен предел
десенилијачен предел хипогастриум] лев илијачен предел

Поврзано[уреди | уреди извор]

Шаблон:Anatomy-terms

Наоди[уреди | уреди извор]

  1. Abdomen. (n.d.). Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Accessed: 22 Oct 2007
  2. Abdomen. Dictionary.com. The American Heritage Dictionary of the English Language, 4th Edition. Accessed: 22 October 2007
  3. "Ruminant." The Veterinary Dictionary. Elsevier, 2007. Accessed: 22 Oct 2007
  4. Peritoneum. The Veterinary Dictionary. Elsevier, 2007. Accessed: 22 Oct 2007
  5. 5,0 5,1 5,2 „Abdominal cavity“. Encyclopædia Britannica (15th) I: A-Ak - Bayes: 19–20. (2010). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica, Inc..

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Human regional anatomy Шаблон:Abdominopelvic cavity