Ентероскопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ентероскопија е процедура со употреба на ендоскоп за директна визуализација на тенкото црево. Важно е да се разграничи дека ентероскопијата се разликува од колоноскопијата со тоа што колоноскопијата се користи за визуелизација на дебелото црево. Има повеќе типови на ентероскопија, и тоа:

Во однос на тоа дека тенкото црево честопати може да пројави патолошки карактеристики, користењето на ендоскопија за истото може да биде од големо значење за дијагностички и терапевтски техники.[1] Езофагогастродуоденоскопија, исто така наречена горна ендоскопија, достигнува до почетниот сегмент на тенкото црево, како и до дуоденумот, но за јејунумот и илеумот, се употребуваат други методи.Визуелизирањето на тенкото црево долго време претставуваше предизвик за гастроентеролозите, што се должи на физичките пречки за пораспространето достигнување на подалечните предели на тенкото црево. Со развитокот на ентероскопијата, визуелизацијата на целиот дигестивен тракт е применета во практика, иако сѐ уште се унапредува.

Традиционалната гастроскопија може генерално да овозможи визуелизација на проксималниот и дисталниот дуоденум. Педијатриските колоноскопи или понекогаш ентероскопите кои се значително подолги од стандардните гастроскопи можат да овозможат визуелизација на проксималниот дел на јејунумот. Оваа техника се означува и како push ентероскопија. Доколку се земе во предвид должината на тенкото црево, во просек 4–6 метри кај возрасен човек, push ентероскопијата сѐ уште нема доволен ефект за адекватна визуелизација на големи партикли од тенкото црево.[1][2]

Безжичниот ендоскопски систем е избран за ендоскопско истражување со цел да се овозможи целосна визуелизација на тенкото црево.Пациентот дигестира видео камера во големина на апче со димензии 11 x 26 милиметри и околу 8 часовно видео се пренесува до безжичен видео примач кој што е прикачен на пациентот. Процедурата е безболна, општоприфатена од страна на пациентите и овозможува точност во високи размери. Ограничена е со неможноста да се одржи биопсија, и со тоа претставува само дијагностичка алатка.[1][2]

Нови техники, вклучувајќи ги единечната и двојната балон ендоскопија, се развиени за да се надминат некои од пречките, но се ограничени од должината на самата процедура и потребата за длабока седација или анестезија. Спиралната ентероскопија е техника која користи цевка со спирали залепени на ентероскопот кој се ротира со цел истиот да проминира длабоко во тенкото црево. Секоја од овие 3 ентероскопски процедури нуди точност и ефективност но нема широко распространета достапност.[1][2] [3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Small bowel enteroscopy. „Rev Gastroenterol Disord“ том  8 (3): 169–77. PMID 18957924. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Single-balloon enteroscopy. „Gastrointest. Endosc. Clin. N. Am.“ том  19 (3): 335–47. јули 2009 г. doi:10.1016/j.giec.2009.04.010. PMID 19647643. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S1052-5157(09)00039-7. 
  3. Spiral enteroscopy and push enteroscopy. „Gastrointest. Endosc. Clin. N. Am.“ том  19 (3): 357–69. јули 2009 г. doi:10.1016/j.giec.2009.04.001. PMID 19647645. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S1052-5157(09)00030-0. 
  4. The clinical utility of single-balloon enteroscopy: a single-center experience of 172 procedures. „Gastrointest. Endosc.“ том  71 (7): 1218–23. јуни 2010 г. doi:10.1016/j.gie.2010.01.012. PMID 20409544. http://linkinghub.elsevier.com/retrieve/pii/S0016-5107(10)00025-8.