Ендоскопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ендоскопија
Медицинска процедура
Пример на флексибилен ендоскоп
MeSHD004724
OPS-301 code:1-40...1-49, 1-61...1-69
MedlinePlus003338
Лекар вежба да користи ендоскоп

Ендоскопија (гледање внатре) – се користи во медицината за да се гледа внатре во телото.[1] Ендоскопската процедура користи ендоскоп за да ја испитува внатрешноста на орган или шуплина на телото. За разлика од други медицински техники за добивање слика, ендоскопите се вметнуваат директно во органот.

Постојат бројни видови ендоскопи. Во зависност од локацијата во телото и видот на процедурата, ендоскопијата може да ја вршат хирурзи или други доктори. Пациентот може да биде свесен или анестезиран за време на процедурата. Најчесто поимот ендоскопија се користи за да реферира испитување на горниот дел на човечкиот гастроинтестинален тракт, познато како езофагогастродуоденоскопија.[2]

За немедицинска употреба, сличните инструменти се нарекуваат бороскопи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Endoscopy“. British Medical Association Complete Family Health Encyclopedia. (1990). Dorling Kindersley Limited.
  2. „Endoscopy“. Cancer Research UK. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]