Прејди на содржината

Анатомија на растенијата

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анатомијата на растенијата е субдисциплина на анатомијата и ботаниката. Нејзин предмет на проучување е градбата на внатрешноста на растенијата - нивните ткива, од кои се составени растителните вегетативни и генеративни органи.[1]

Врв на корен.

Диференцирањето на анатомијата на растенијата од морфологијата како самостојна наука започнува во 19 век. И морфологијата и анатомијата се развиваат во почетокот како описни (дескриптивни) науки. Со откривањето на микроскопот во 1665 година од Роберт Хук, се создаваат можности за развој на анатомијата на растенијата.[2]

За основоположници на растителната анатомија се сметаат Марчело Малпиги и Н. Грју, кои резултатите од микроскопските проучувања за растенијата ги објавуваат во Anatomie plantarum (на Малпиги) и Anatomy of plants (на Грју).

  1. „Plant Development I: Tissue differentiation and function | Organismal Biology“. organismalbio.biosci.gatech.edu. Посетено на 2026-01-28.
  2. „history“. www.cas.miamioh.edu. Посетено на 2026-01-28.