Здравствена наука

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Здравствена наука е применета наука која се занимава со здравје, а вклучува многу поддисциплини. Постојат два пристапа кон здраствената наука: проучувањето и истражувањето на човечкото тело и здравствено-поврзани предмети за да се разбере како луѓето (и животните) функционираат, и употребата на тоа знаење за подобрување на здравјето и за превенција и лекување на болести.

Здравстеното истражување се базира на основните науки на биологија, хемија и физика како и голем број на мултидисциплинарни полиња (на пр. медицинска социологија). Некои од другите истражувачки-ориентирани научни полиња кои имаат големи придонеси во здравствената наука се алтернативно здравје, биохемија, епидемиологија и генетика.

Применетите здравствени науки исто така придонесуваат за подобро разбирање на здравјето, но во додаток се обидуват директно да го подобрат здравјето на индивидуалци и на луѓето во целина. Некои од нив се: алтернативно здравје, биомедицинско инжинерство, биотехнологија, негување, нутриција, фармакологија, фармација, јавно здравје и медицина. Провизијата на услуги за подобрување на човековот здравје се нарекува здравствена грижа.

Индустријата на здраствените науки, која е мулти-билионски бизнис сектор, е меѓусекција на животните науки и на индустриите поврзани со здравствена грижа и медицинска дијагностика.