Сметачко инженерство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Компјутерско инженерство е дисциплина што ги комбинира Електроинженерството и Компјутерската наука. Компјутерските инженери вообичаено имаат обука во електроинженерството, Софтверски дизајн и интегрирање на хардвер и софтвер, наместо само електроинженерство или Софтверско инженерство. Компјутерските инженери се вклучени во многу аспекти на компјутерството, од дизајн на индивидуални микропроцесори, персонални компјутери, суперкомпјутери, итн. Ова поле на инженерство не само што се фокусира на тоа како работат компјутерските системи, туку и на тоа како се интегрираат истите во поголемата слика на даден проект.