Хеминформатика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хеминформатиката, позната и како хемоинформатика или хемиска информатика (англиски термини chemoinformatics, cheminformatics, chemical informatics и chemiinformatics) по дефиниција претставува употреба на компјутерски и информатички техники за решавање на голем број на проблеми на полето на хемијата. Ваквите in slilico техники во голема мерка се користат во фармацевтските фирми во раните фази од процесот на дизајна на нови лекови. Овие методи може во голема мерка да се користат и во другите области на хемијата за решавање на хемиски проблеми од различен карактер.


Историја[уреди]

Терминот хеминформатика е дефиниран од страна на F.K. Brown[1][2] во 1998 година на следниот начин:

Хеминформатиката претставува употреба на изворите на информации за трансформација на податоците во информации и на информациите во знаење со намера побрзо да се добијат повеќе информации за изнаоѓање на супстанци кои би можело да се користат во при развојот на нови лекови.


Основи[уреди]

Хеминформатиката во себе ги комбинира сознанијата и алатките кои се користат во хемијата и информатиката. На пример во теоријата на хемиски графови и пребарување низ хемискиот простор (се претпоставува дека хемискиот простор содржи најмалку 1060 молекули). Дел од алгоритмите кои се користат во хеминформатиката исто така се користат и во хемометријата.

Примена[уреди]

Складирање и пребарување на хемиски структури[уреди]

Една од првите примени на хеминформатиката е во изнаоѓањето на постапки за складирање и пребарување на структури на хемиските супстанци. Ефективно пребарување низ структурни информации за молекулите во себе вклучува користење на информатички алатки (за пребарување низ податоци и машинско учење), како и познавања од областа на теоријата на графови (или поточно на хемиската теорија на графови). Истражувањата поврзани со претходното вклучуваат работа со:

  • Неструктуирани податоци
  • Пребарување на структуирани податоци
    • Пребарувања низ бази на податоци
    • Пребарувања низ хемиски графови
    • Пребарувања низ молекули и др.

Формати на податотеки за складирање на хемиски структури[уреди]

За in silico претставување на хемиските структури се користат специјализирани формати (пр XML, SDF, SMILES и др.). Ваквите формати за претставување на хемиски структури се користат за складирање на структурите во хемиски бази на податоци. Некои типови на формати се погодни за виртуелно претставување на дводимензионален и тридимензионални структури, додека пак, други формати се попогодни за изучување на физичките својства, за моделирање или, пак, за изучување на протеин-лиганд интеракциите.

Квантитативна структура-активност релации (КСАР)[уреди]

КСАР моделите (како што уште се нарекуваат квантитативни структура–својства релации - КССР) служат за предвидување активноста на некоја супстанца (или на некое нејзино својство) врз основа на нејзината структура. Во овој КСАР моделите се тесно поврзани со хемометријата.

Слични содржини[уреди]

Литература[уреди]

  1. F.K. Brown (1998). „Chapter 35. Chemoinformatics: What is it and How does it Impact Drug Discovery“. „Annual Reports in Med. Chem.“ 33: 375. doi:10.1016/S0065-7743(08)61100-8. 
  2. Brown, Frank (2005). „Editorial Opinion: Chemoinformatics – a ten year update“. „Current Opinion in Drug Discovery & Development8 (3): 296–302. 

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Technology-footer