XML

Од Википедија — слободната енциклопедија
XML
Наставка.xml
MIME-типapplication/xml,[1]
UTIpublic.xml
ТворецW3C
Тип на форматозначувачки јазик
Проширен одSGML
Развиен воразни, меѓу кои:
XHTML, RSS, Atom, KML
Стандард(и)1.1 (V издание) 26 ноември 2008; пред 15 години (2008-11-26)
1.0 (II издание) 16 август 2006; пред 17 години (2006-08-16)
Отворен формат?да
Проширлив означувачки јазик (XML)
Тековен статусобјавен
Започнат1996
УреднициТим Бреј, Жан Паоли, Мајкл Сперберг-Меквин, Ив Малер, Франсоа Јерго, Џон Кауан
Сродни стандардиXML-шема
Доменсеријализација на податоци
КратенкаXML
Мреж. местоXML 1.0

XML (англ. Extensible Markup Language = „проширлив означувачки јазик“) - наследникот на SGML, е едноставен, многу флексибилен означувачки јазик (форматирање) на текст, односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на интернет така и на други места. XML e подмножество на SGML, наменето за да ја олесни примената на расчленувачот во споредба со целосниот SGML-расчленувач, примарно за користење на WWW. XML додава неколку дополнителни ограничувања на SGML синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.

По дефиниција XML документот e низа од знаци. Речиси секој допуштен Уникоден знак може да се појави во еден XML документ. Знаците коишто го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од знаци која се користи за означување или започнува со „<“ и завршува со „>“ (се нарекува ознака, на пример <отсек>) или започнува со „&“ а завршува со „;“. Секоја друга низа од знаци која не наликува на претходноопишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.

XML е јазик за означување сличен на HTML, дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за HTML туку претставува негово дополнение. XML е предвиден да ги опишува податоците со задршка на тоа што се податоците, додека HTML е предвиден за приказ на податоци со задршка на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML-ознаките не се предодредени. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден HTML—документ и нивната структура е претходно утврдена. Авторите на HTML-документот може да користат само ознаки кои се зададени во HTML-стандардот. XML користи DTD (Document Type Definition = „задавање на документски тип“) или XML-шема за да ги опише податоците. Ваквиот XML е осмислен да биде самоопишувачки. XML е препорака на W3C. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML-документот не прави ништо. Тој се создава со цел за структурирање, зачувување и пренесување на информацијата.

Пример за XML[уреди | уреди извор]

<предмет>
<година>2011</година>
<факултет>ФЕИТ</факултет>
<семестар>Летен</семестар>
<студии>Магистарски</студии>
<име>Колаборативни сметачки системи</име>
</предмет>

Од горе наведениот пример, за предметот се структурирани информации за која година се слуша, на кој факултет, кој семестар, кое ниво на студии, како е името на предметот. XML документот не прави ништо, само претставува информација која е обвиткана во XML-ознаките. Некој мора да напише парче програмски код кој ќе манипулира со овие податоци односно информации, програм кој ќе ги испраќа, прима и обработува овие податоци и сл.

XML е присутен насекаде, тој станува најупотребувана алатка за манипулација со податоци и податочно пренесување на информација. Брзото прифаќање на неговата употреба од страна на голем број на програмери се должи на тоа што тој не се врзува за конкретна подлога и е независна алатка за пренесување на информацијата, т.е. податоци во однос на примената на програмската и машинската опрема при градењето на саканиот програм.

Примена[уреди | уреди извор]

Меѓу другото, XML наоѓа примена во: XHTML, XQuery, XSLT, XForms, XPointer, JSP, SVG, RSS, Atom, XML-RPC, Семантичка пајажина, SOAP и друго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Медиумски типови за XML, RFC 3023“. IETF. 2001. стр. 9–11. Посетено на 4 јануари 2010. (англиски)