HTML

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на HTML5

HTML (HyperText Markup Language, Јазик за означување на хипертекст) е јазик за означување кој се користи за создавање на веб страници. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со обвиткување (маркирање) на одредени делови од текстот при што означениот текст се форматира или се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. Целта на веб прелистувачот е да ги интерпретира овие тагови во аудиовизуелен документ, а тие да не се прикжуваат на самиот документ. Јазикот бил измислен од Тим Бернерс-Ли во 1990 година со цел научниците од различни универзитети да добијат полесен пристап кон документи од научни истражувања [1]. Стандардите на HTML се создадени и одржувани од W3C [2][3]. Најновата спецификација на HTML е HTML5, а спецификацијата целосно поддржана од сите модерни пребарувачи е HTML 4.01 [4].

Синтакса[уреди]

HTML се пишува со помош на HTML елементи наречени тагови. Тие се пишуваат во аглести загради („<“ и „>“) во формат <tag paramtar1="vrednost" parametar2="vrednost" ... >Некој текст</tag> и најчесто стојат во парови. Постојат и празни елементи кои не стојат во пар и немаат таг за затворање. Пример:

     <!-- Ова е коментар и не се прикажува на веб страната -->
     <p style="color:red" id="paragraf">Ова е еден параграф</p> <!-- Тагот <p> секогаш мора да има крај </p> -->
     <br> <!-- Тагот <br> е празен елемент -->

Специјални карактери[уреди]

Со цел веб прелистувачот одредени карактери да не ги препознава како дел од кодот туку само како карактери во HTML е воведена посебна синтакса. На пример карактерот „<“ обично означува почеток на тагот но ако сакаме да напишеме 2<3 ниe мораме да ја искористиме специјалната синтакса 2&lt;3. Целосна листа на специјални карактери можете да најдете тука[1]

Пример за целосен HTML код[уреди]

<!DOCTYPE html>
<html>
     <head>
          Глава на HTML документот. Овде се пишуваат поставките на документот како енкодирање, надворешни дадотеки,
наслов, клучни зборови итн. Обично во главата стои код кој не прави никакви директни визуелни промени на веб страната.
     <title> Наслов на страната </title>
     </head>
     <body>
          Во делот „<body>“ се наоѓа делот од веб страната кој ќе се прикаже на екранот.
     </body>
</html>

CSS и HTML[уреди]

CSS или Cascading Style Sheets е style sheet јазик за опишување на изгледот на една веб страна. Тој може да биде користен во комбинација со HTML со цел веб страната да биде визуелно изменета. CSS може да се пишува дирекно во HTML кодот со помош на тагот <style>...</style> или може да биде вгнезден од друг .css фајл со <link rel="stylesheet" href="css_datoteka.css" />. CSS функционира на начин што со помош на селектори го одбира соодветниот HTML елемент на кој модифицира одредени визуелни параметри. Пример за CSS код во HTML код:

      <style>
             .paragraf {
                       background-color:#00F;  //позадинска боја на параграфот
                       color:#FFF; // боја на фонт
                       border: thin solid #000; // рамка
             }
      </style>
      <p class="paragraf">Ова е параграф со бела боја на фонт сина позадинска боја и тенка црна рамка</p>

HTML едитори[уреди]

HTML едиторите го забрзуваат пишувањето на HTML код, ја обележуваат синтаксата со различни бои, ги вовлекуваат вгнездените елементи и автоматски ги затвораат таговите. Најпознати едитори на HTML код се Notepad++, Adobe Dreamweaver, BlueFish и други.

Наводи[уреди]

Надворешни линкови[уреди]

HTML5 Спецификација

Специјални карактери во HTML

W3C Schools HTML