DTD

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Document Type Definition (DTD) - претставува мета-јазик со множество на декларации кои ни овозможуваат да дефинираме определен XML јазик. DTD е предвесник на XML Schema и имаат слична функција. DTD користи формална синтакса односно листа на правила кои ги дефинираат елементите и атрибутите, односно укажува на тоа кои елементи се дозволени, ограничувања за дозволените елементи, редоследот на појавување на елементите ,кои атрибути може определен елемент да ги содржи и ограничувања за вредностите на елемнтите и атрибутите. DTD може да биде вклучен во самиот XML документ, или да биде поврзан со него надворешно. Document Type Declarations се јавува во синтаксички фрагмент doctypedecl уште во почетокот на XML документот.[1]


Внатрешно дефиниран DTD[уреди | уреди извор]

Ако DTD е дефиниран во внатрешноста на XML датотеката, таа треба да се дефинира со DOCTYPE,и со следнава синтакса:

 <!DOCTYPE root-element [element-declarations]>

Пример на XML документ со внатрешен DTD:

 <?xml version="1.0"?>
 <!DOCTYPE note [
 <!ELEMENT note (to,from,heading,body)>
 <!ELEMENT to (#PCDATA)>
 <!ELEMENT from (#PCDATA)>
 <!ELEMENT heading (#PCDATA)>
 <!ELEMENT body (#PCDATA)>
 ]>
 <note>
 <to>Tove</to>
 <from>Jani</from>
 <heading>Reminder</heading>
 <body>Don't forget me this weekend</body>
 </note>

Надворешно дефиниран DTD[уреди | уреди извор]

Ако DTD е дефиниран како надворешен фајл,треба да се дефинира со DOCTYPE,и со следнава синтакса:

 <!DOCTYPE root-element SYSTEM "filename"> 

Пример на XML документ со надворешен DTD:

 <?xml version="1.0"?>
 <!DOCTYPE note SYSTEM "note.dtd">
 <note>
 <to>Tove</to>
 <from>Jani</from>
 <heading>Reminder</heading>
 <body>Don't forget me this weekend!</body>

</note>

Елементи во DTD[уреди | уреди извор]

  • Елементи
  • Атрибути
  • Ентитети
  • PCDATA
  • CDATA


Елементи во DTD[уреди | уреди извор]

Секој таг кој се користи во рамки на еден валиден XML документ мора да биде дефиниран преку декларација на елемент во рамки на соодветниот DTD.Елементите кои се појавуваат во содржината на друг елемент уште се нарекуваат деца на елементот каде се појавуваат. Еден елемент може да биде дете на повеќе други елементи, но се декларира само еднаш.Елементите можат да содржат текст, други елементи, или да бидат празни. Општиот облик на декларација на елемент е следниот:

   <!ELEMENT <name> (Content Model )>

Постојат повеќе типови на клучни зборови и карактери кои ја дефинираат содржината на елементот, тие се:

  • EMPTY специфицира дека дефинираниот елемент нема содржина, односно со овој симбол се дефинира празен елемент,
  • ANY специфицира дека дефинираниот елемент има било каква содржина,
  • мешовита содржина, што значи дека содржината може да вклучи најмалку еден текст елемент и нула или повеќе именувани елементи, но нивниот редослед и бројот на појавувања не можат да бидат ограничени, тоа може да се:

-( #PCDATA ): ова значи дека само од еден текст елемент е дозволен во содржината, -( #PCDATA | element name | ... )*: низа на карактери, може да се користи во било кој редослед и број на појавувања во содржината.

  • содржина на елемент, што значи дека децата на елементот не смеат да содржат текст елементи.


Атрибути во DTD[уреди | уреди извор]

Елементите и нивните атрибути се декларираат одделно во DTD. Општиот облик на декларација на атрибут за определен елемент во рамки на DTD е следниот:

 <!ELEMENT elementName (elementContent)>
 <!ATTLIST elementName (attName attType default)+>

Секој атрибут, содржи:

  • име на атрибутот,
  • неговиот тип на податок,
  • и неговата вообичаена вредност.[2]

На пример:

 <!ATTLIST img
  src    CDATA          #REQUIRED
  id     ID             #IMPLIED
  sort   CDATA          #FIXED "true"
  print  (yes | no) "yes"
 >

Редоследот на дефинирање на атрибутите во рамки на DTD е небитен. Секој атрибут припаѓа на точно еден елемент. Доколку во рамки на DTD постојат повеќе елементи кои имаат атрибут со исто име, атрибутот мора да се дефинира за секој елемент посебно. Постојат неколку типови на атрибути:

CDATA
овој тип значи дека атрибутот може да содржи било каков текст, освен карактерите.
ID
секој атрибут мора да има свое уникатно име по кое ќе се разликува од другите атрибути во истиот DTD. Погрешно е ако два - атрибути имаат ист ID. Еден елемент може да има најмногу еден атрибут од типот ID.
IDREF или IDREFS
вредност која одговара на еден ID тип на атрибут и тој мора да се референцира на уникатен елемент дефиниран во DTD.
NMTOKEN или NMTOKENS
вредноста на атрибутот одговара на еден ID тип, но не е ограничено да има еден единствен ID во рамките на документот.Повеќе XML имиња.
ENTITY или ENTITIES
вредност која одговара на име на ентитет дефиниран во истото DTD.Поврзува интерни или екстерни податоци/документи (дефинирани преку некој ентитет во рамки на DTD) во рамки на XML документот.
NOTATION (notation1|...)
се дефинира листа на вредности одделени меѓусебно со | и атрибут може да прими само една од вредностите. Вредноста за атрибутот (default делот) може да биде само од редот на листата вредности. Вообичаената вредност може да дефинира дали атрибутот мора да го има задолжително(#REQUIRED) или подразбирливо (#IMPLIED),или пак дали да има фиксна вредност (#FIXED), а исто така која вредност треба да се користи како вообичаена врдност ("…"), во случај дадениот атрибут да е изоставен во XML тагот.

Ентитети во DTD[уреди | уреди извор]

Ентитетот е сличен на macro. Ентитетот доделува вредност која се задржува во текот на документот. Во употреба името треба да е попрепознатливо отколку некој број за непознати карактери [3]. Ентитетите помагаат да се подобри читливоста на XML текстот.Тие може да се сметаат како единици наменети за складирање на делови од еден XML документ.Генерално, постојат два типа на ентитети: внатрешни и надворешни. Внатрешните ентитети ја имаат следната декларација:

 <!ENTITY name “replacement text”>

и истите служат за единствено дефинирање на текст кој често се повторува во рамки на XML документот. Со повик од облик &name; во XML документот, во рамки на истиот на местото од повикот се вметнува текстот дефиниран во декларацијата како replacement text. Општиот облик на декларација на надворешен ентитет за податоци во XML формат е следната:

 <!ENTITY name SYSTEM “URI”>

Надворешните ентитети се однесуваат на надворешното чување на објекти. Тие се декларирани со уникатно име во документот, и со јавен идентификатор (FPI) и/или систем индентификатор (кој се толкува како URI) наведувајќи каде е изворот на нивната содржина. Тие всушнотс постојат во два факти: разложени надворешни субјекти и неразложени надворешни субјекти.

Пример за внатрешен ентитет:

 <!DOCTYPE sgml [
   <!ELEMENT sgml ANY>
   <!ENTITY % std       "standard SGML">
   <!ENTITY % signature " — &author;.">
   <!ENTITY % question  "Why couldn’t I publish my books directly in %std;?">
   <!ENTITY % author    "William Shakespeare">
   ]>
   <sgml>&question;&signature;</sgml>

Забележете дека внатрешните ентитети може да се дефинираат во било кој редослед, се додека тие не се референцирани и разложени во DTD или во телото на документот.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • В. Трајковиќ: Експертни системи - скрипта. ФЕИТ, УКИМ, Скопје, 2010.


Референци[уреди | уреди извор]

Дополнителни линкови[уреди | уреди извор]