Морска ѕвезда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морска ѕвезда
Starfish, Mauritius.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Иглокожи
Потколено: Asterozoa
Класа: Asteroidea
De Blainville, 1830
Ред

Brisingida
Forcipulatida
Paxillosida
Notomyotida
Spinulosida
Valvatida
Velatida [1]

Морските ѕвезди се иглокожи кои припаѓаат на класата Астероидеа.[2] Името морска ѕвезда во суштина се однесува на членовите на класата Астероидеа.

Градба на телото[уреди | уреди извор]

Повеќето од морските ѕвезди имаат пет краци кои излегуваат од средниот дел на телото (плочи). Постојат врсти и со поголем број краци. Краците се најшироки на местото каде што се сретнуваат со плочата. Горната страна на ѕвездите често се живи бои, уснената страна им е свртена спрема дното. На кожата на ѕвездата се наоѓаат подвижни и неподвижни боцки и штипалки.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Морските ѕвезди се хранат со животинска храна. Поситниот плен го повлекуваат по телото, а поголемиот плен, на пример школки, ракови, ежови, преку устата го внесуваат во стомакот.

Морската ѕвезда како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Морска ѕвезда“ (Star fish) - песна на американската панк-рок група „Бикни Кил“ (Bikini Kill) од 1993 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]